Кога сте во врска, правите многу работи заедно и се трудите да испланирате заедничка иднина. Сепак, најздравите врски се оние во кои и двајцата партнери имаат свој живот надвор од врската. Погледнете што треба да правите за да не се изгубите во врската.rnrn
rn
1. Поддржете го во неговите цели – без да се откажете од своите
rnПонекогаш, сè што сака еден човек е да има некого покрај себе. Многу ќе му значи ако го поддржите во одлуките што ги носи и во целите што сака да ги постигне.rnrnТоа не само што ќе ја зајакне неговата самодоверба, туку ќе му покаже дека навистина сакате тој да биде среќен.rnrnАко сте подолго време во врска, веројатно имате некои заеднички сериозни планови. Но, ништо не треба да биде поважно од вашите лични цели. Продолжете да работите за да го постигнете она што го сакате и носете одлуки што ќе бидат од корист за вашата иднина.rn
2. Одвојте време за него – и за себе
rnВажно е да му покажете на вашето момче дека тој е приоритет во вашиот живот. Одвојте време во кое целосно ќе му се посветите нему. Времето што го поминувате заедно треба да е непрекинато и посебно.rnrnИмајте на ум дека може да биде тешко да се фокусирате на средбата со вашето момче ако не одвоите време и за себе.rnrnАко себеси си го посветувате вниманието што го заслужувате, тоа е најдобриот начин да бидете сигурни дека времето поминато со него ќе биде посебно. На овој начин, нема да се чувствувате како да немате енергија кога сте заедно.rn
3. Поставете граници и држете се до нив
rnАко одвреме-навреме сакате да бидете сами, поставете граници и така самите ќе си ја дадете потребната енергија за да бидете добра девојка.rnrnВашата врска сè уште ќе продолжи да функционира дури и кога ќе се ставите себеси на прво место. Овие граници ја покажуваат важноста на разбирањето и на компромисот.rn
4. Потсетете го колку многу го сакате и покажете му дека се сакате себеси
rnСите имаат различен начин на покажување љубов и без разлика дали ја изразувате вашата љубов преку зборови или преку физички допир, правете го тоа често.rnrnПонекогаш заборавате да го потсетите вашиот партнер колку ви значи затоа што мислите дека нема потреба да му го кажете тоа.rnrnНо, дали некогаш сте слушнале дека не можете да сакате некој друг без да се сакате себеси?rnrnСекогаш мора прво себеси да си ги дадете љубовта и почитта што ги заслужувате. Имајте на ум дека ќе бидете подобар партнер ако немате потреба од неговата љубов за да ве надополнува.rn
5. Интересирајте се за работите во кои ужива, но не заборавајте го сопственото хоби
rnВо што и да ужива тој, треба да го почитувате тоа. Поставувајте прашања! Вашето момче ќе сака да зборува за своите интереси и да ве вклучи колку што е можно повеќе.rnrnСе разбира, важно е да имате и свое хоби.rnrnВлегувањето во нова врска води кон промена од „јас“ во „ние“ и иако ова е забавен дел од тоа што сте пар, можеби ќе се чувствувате како да немате свои интереси.rnrnВажно е да имате некои работи во животот само за вас. Можеби ќе одлучите да гледате филм без вашиот партнер или сами да одите на часови по јога.rn
6. Бидете отворени за вашите потреби
rnМажите не знаат да читаат мисли и затоа треба да бидете искрени во врска со вашите желби – без разлика дали тоа е неговиот пристап кон комуникацијата со вас или работите што правите во спалната соба.rn
7. Излезете со вашите пријателки
rnНе дозволувајте да ги изгубите најблиските пријателки. Во ред е да не поминете една вечер заедно со вашето момче. Уживајте во времето поминато со пријателките и освежете се.rn
8. Слушајте го партнерот
rnСлушањето и комуникацијата се клучни за успешна врска. Кога ќе се обидете да ја разберете перспективата на партнерот, ќе можете полесно да се справите со проблемите.rnrnСлушајте го партнерот кога тој нагласува какво било чувство на тага, лутина или фрустрација. Бидете тука за него и бидете му поддршка за сè што треба врз основа на она што ви го кажува.rn
9. Дајте му простор
rnНе е праведно да барате простор, а да не му дадете простор на вашиот партнер. Како што вас ви треба време само за себе, така му треба и на вашето момче.rnrnИмајте разбирање ако тој рече дека сака да излезе со пријателите или ако сака да нарача пица за себе. Секогаш дозволувајте му да го прави тоа што го сака.rn
10. Бидете му верна и бидете верна на себе
rnДа се биде лојална девојка е одличен начин да бидете добра девојка.rnrnАко го сакате вашето момче, треба да се однесувате така. Но, ако некогаш се чувствувате како да пропуштате многу работи затоа што не сте сингл, тогаш можеби сте се изгубиле во врската.rnrnСекогаш следете ги вашата интуиција и вашето срце кога ќе бидете збунети.rnrnАко си верувате себеси додека сте во врска, ќе ја стекнете потребната самодоверба за да бидете најдобрата верзија од себе и најдобрата девојка.rnrnПрочитајте како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт.