Кафето и чоколадото може да ви помогнат да се разбудите, да се освежите и да се расположите, особено ако станува збор за почетокот на денот кога ви е потребно средство за будење и подигнување на енергијата. Но, дали знаевте дека овие две намирници споени заедно може да се користат и во служба на убавината?rnrn
rnrnСпоред бјути блогерката Џенифер Чиу, талогот од кафето може да се искористи за постигнување на совршени веѓи, за какви што сонуваат сите дами. Со мешањето на талог од кафе, какао во прав, кокосово масло и мед, ќе можете да направите природно и доста ефикасно средство за пополнување на веѓите, кое подеднакво добро делува на светлите, проретчени и необликувани веѓи.rnrnЏенифер истакнува дека покрај за исцртување на веѓите, ова средство е доста корисно за жените кои во минатото имале проблеми со боењето на веѓите како и со хемикалиите кои се наоѓаат во самата фарба. Значи, овој природен, алтернативен начин дава одлични естетски резултати, но исто така, ефикасно делува и на кожата. Самиот процес на подготовка е доста лесен и едноставен, а третманот ќе можете да го користите секојдневно.rnrn
rn
Упатство:
rn1. Измешајте ги талогот од кафе и какаото во прав (размерот зависи од тоа колку темни веѓи сакате да постигнете).rnrn2. Потоа, додадете ги кокосовото масло и медот, за да постигнете структура која ќе се задржи на вашето лице.rnrn3. Кога ќе добиете фина смеса, внимателно нанесете ја на веѓите и уживајте во вашите темни и убави веѓи.rnrnВо следново видео ќе можете да го погледнете целиот процес на подготовка на третманот за исцртување на веѓи.rnrn