КАФЕ ПАУЗА

Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

Written by

in

,

Јапонија е лулка на светската филозофија и земја која е далеку позната по своите мудреци кои имаат совети до луѓето од целиот свет, за сите да најдат одговори на важните прашања.rnrnЈапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!rnrnПотрагата по среќа и успех во животот е во човековата природа, па затоа едно од прашањата што луѓето најчесто им ги поставуваат јапонските мудреци е: Како да ги остварам моите соништа?rnrnСите сакаме да успееме, но ретко кој вистински успева. Многумина во текот на животот не успеваат да постигнат ништо, иако повеќето имаат добро образование и ја работат работата што ја сакаат… Сепак, длабоко во душата, постои чувство дека нешто недостасува.rnrnСветот околу нас престана да ни носи задоволство. И покрај тоа што сè делува како да е добро, нашите животи изгледаат празни и мрачни. Како да се вртиме во круг без крај.rnrnКоја е причината за ова незадоволство и чувството на празнина?rnrnВо јапонската култура постои мантра што всушност се смета за начин на живот и гласи: Почувствувајте го ритамот на светот и следете го.rnrnНеа ја напишал еден познат јапонски стратег, мечувалец и филозоф, Мијамото Мусаши, во една од неговите книги. Тој бил сигурен дека сè во животот има свој специфичен ритам и дека главната гаранција за успех е да можете да се прилагодите на него. Со други зборови, да се биде во можност да се „фати бранот“.rnrnЈапонските мудреци велат дека секој кој сака да биде успешен, не смее да се плаши од големата, непозната моќ што управува со нашиот свет. Не смееме да го менуваме текот на настаните, велат јапонските мудреци и никој од нас нема право да ги диктира законите на Универзумот. Единствено што можеме да направиме е да научиме да се прилагодуваме на околностите и потоа да извлечеме корист од нив.rnrnСепак, „фаќањето на ритамот на светот“ не е сè. Треба да се концентрираме на постигнување на главната животна цел и да научиме како да не дозволуваме ирелевантни, мали нешта да нè оддалечуваат од неа. Тие всушност се главната пречка на патот до успехот.rnrnАко постојано трошите енергија на ирелевантни работи, никогаш нема да постигнете ништо. Порано или подоцна, ќе сфатите дека вашиот живот поминал без да направите ништо.rnrnНеважните прашања толку често ви ја „крадат“ енергијата и ве наведуваат да ја трошите бесцелно, како што го трошите и вашето време. Не смеете да го дозволите тоа, во спротивно можете да заборавите на целите и совршенството во нештата.rnrnСе разбира, животот на сите нас е исполнет со тривијални проблеми што мора да се решат, но треба да можете да ги решите без „да се тргнете од главната патека“. Дури и ако некој дава сè од себе да ви го одвлече вниманието!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 16-те инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија.