КАФЕ ПАУЗА

Избегнете ги овие грешки при нанесување на коректорот

Автор: Сара ТурановиќrnrnГолем број жени кои имаат проблеми со подочници, акни или пак брчки, како ефективно решение користат коректор. Тој е помеѓу омилените козметички производи, дури и кај жените кај кои шминката не е секојдневен ритуал. Коректорот ја има моќта да ги покрие сите недостатоци на кожата, па затоа сите го обожаваат. Меѓутоа ако не сте задоволни со ефектот, можно е да правите некоја грешка при неговото нанесување. Погледнете ги најчестите грешки.rnrnizbegnete-gi-ovie-greshki-pri-nanesuvanje-na-korektorot-kafepauza.mkrn

1. Изборот на коректор

rnКоректорот доаѓа во различни облици, па затоа е многу важно да го пронајдете оној што најмногу ви одговара. Коректорот во цврст облик е најдобар за прикривање на недостатоците на лицето како што се црвенилото и флеките. Течниот коректор со четка или во молив е одличен за прикривање на подочниците.rn

2. Пресветла нијанса

rnАко се разбудите со темни подочници и пробате да ги прекриете со светла нијанса на коректор, само уште повеќе ќе ги нагласите. Подобро изберете коректор кој ќе биде само за нијанса посветол од вашата кожа.rn

3. Погрешно нанесување

rnЗа да ви остане коректорот цел ден на лицето не заборавајте да го фиксирате со пудра во прав. За ова може да ви помогне четката за нанесување сенка за очи.rn

4. Правилно нанесување

rnКога ќе нанесете коректор на проблематичното место, немојте да го размачкувате со прст. Секоја несовршеност подобро ќе ја прикриете ако го размачкате со четка или пак сунѓерче.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.