Медиумите играат огромна улога во нашата перцепција на нештата. Изложени сме на кампањи со моќ да ни го исперат мозокот, а бидејќи одамна е јасно дека сексот продава, тој наголемо се користи во маркетингот. Сите ние сме повеќе или помалку свесни за улогата на жените во маркетингот и за тоа како тој ги претставува жените наспроти мажите. Ова видео кое мора да го погледнете било направено како школски проект, и воедно одлично ги презентира стереотипите во маркетингот.rnrnРекламите отсекогаш биле сексистички настроени кон жените, покажувајќи ги како потчинети на мажите. Можеби најдобар пример за тоа се рекламите од 50-тите, како на пример оваа.rnrn
rnrnНо, денешното време во никој случај не е исклучок, па така жените денес наголемо се „употребуваат“ со цел да се продаде некој производ. Овие стандарди наметнати од медиумите влијаат на тоа како мажите и жените го гледаат женското тело. Така, секоја година сè поголем е процентот на жени кои се изложуваат на опасни хируршки зафати со цел да изгледаат подобро, да имаат поголеми гради, задник, или помала половина. Со еден збор, да изгледаат како девојките од кампањите.rnrn
rnrnЕдно истражување покажало дека над дури 50% од рекламите во женските списанија ги претставуваат жените како предмети, а неретко и како сексуално потчинети. Од друга страна мажите се силни и доминантни. Токму тоа влијае на размислувањето на обичните мажи кои мора себеси да се претстават како силни, истрајни и неретко агресивни, неспособни да чувствуваат или покажат слабост. Како резултат, во последните две децении драматично е зголемена депресијата кај мажите.rnrn
rnrnВо меѓувреме, рекламите стануваат сè понасилни, прикажувајќи ги жените како беспомошни предмети што само го поттикнува насилството.rnrnЗа крај, налик пародија, видеото прикажува како дел од сексистичките реклами би изгледале кога улогите на мажите и жените би биле сменети.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.