Се прашувате што фино да јадете? Доста ви е од обични сендвичи со кашкавал и шунка? Сакате нешто печено, топло, меко, брзо и многу вкусно, а во исто време и италијанско? Овој сендвич ги има сите квалитети. Направете го и уживајте во вкусот на стопениот кашкавал.rnrn
rnrn
Потребни состојки за 8 сендвичи:
rnrn
- rn011
- 8 мали домати
- 16 парчиња леб
- маслиново масло
- сол, бибер
- оригано
- 400 г кашкавал
- 400 г фета сирење
- 1/2 шолја пармезан
- 16 парчиња мек кашкавал
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Подготовка:
rnrn1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Доматите исечете ги на половина и наредете ги во тавче за печење. Посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со оригано, сол и бибер. Печете ги додека да омекнат и станат малку набрани по краевите.
2. Потоа, загрејте ја рерната на 250 Целизусови степени. Лепчињата намачкајте ги со маслиново масло и поделете ги во парови. Ставете по две парчиња домати на едната страна на лебот. Врз доматите, ставете малку фета сирење, а врз него две парчиња од мекиот кашкавал. Пред да го затворите сендвичот со второто парче леб, ставете малку рендан кашкавал. Преклопете го сендвичот. Истото направете го со сите парчиња леб.
3. Сендвичите наредете ги во тавче за печење кое е претходно намачкано со масло. Печете ги сендвичите 15 минути или додека не се растопи кашкавалот. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан пармезан и печете уште малку, додека тој не се растопи. 
Забелешка: Овој сендвич може да го направите и во три дела, така што ќе ставите уште едно парче леб во средината на сендвичот, но така можеби нема да ви биде баш згодно за јадење. Состојките на сендвичот навистина зависат од вашиот вкус: печурки, зеленчук, сувомеснати производи…
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
