Фотографот кој работи за National Geogprahic, Стив Мекури, автор на култни наслови во ова списание од 1984 година, под името „Девојки од Авганистан“, открива 9 трикови со чијашто помош вашите фотографии ќе бидат прекрасни и ќе станат омилени во вашата околина. Здружението на фотографи (The Cooperative of Photography) објавило видео со практични совети од овој прочуен фотограф, а на снимките се користени токму прекрасните фотографии на Стив Мекури од целиот свет.rn
1. Правило за третина
rnПоставете го во третината она што е во интерес на вашето фотографирање.rn
2. Водечки линии
rnКористете ги природните линии така што ќе ве водат кон централната точка, аспект или предмет на фотографирање.rn
3. Дијагонали
rnДијагоналните линии создаваат одличен впечаток, односно, придонесуваат за динамички движења на самата фотографија.rn
4. Рамки
rnКористете природни рамки, како што се на пример прозорците, затоа што тие секогаш даваат добар ефект.rn
5. Фигура на земјата
rnПронајдете контраст помеѓу субјектот и позадината на фотографијата.rn
6. Пополнете ја рамката
rnПриближете му се на субјектот и ставете го во прв план, особено ако се во прашање посебно интересни и специфични луѓе.rn
7. Доминантното око во центарот
rnПоставете го доминантното око на вашиот субјект да биде во самиот центар на фотографијата, затоа што тоа на набљудувачот му дава впечаток дека окото го следи.rn
8. Форми и повторувања
rnФормите се естетски привлечни, особено ако се нарушени, затоа што тоа е секогаш ефективен начин за да привлечете внимание.rn
9. Симетрија
rnСиметријата е пријатна за очите и тоа секогаш треба да го имате предвид кога композицијата е едноставна и погодна за симетрично пресекување.

