Понекогаш е доволно да се отстрани една намирница за да ги ублажите непријатните дигестивни симптоми, но понекогаш е потребно да се отстранат неколку видови храна. Проблемите со варењето на храната ќе исчезнат кога во менито ќе вклучите храна што го промовира растот на добрите цревни бактерии, а истовремено ја отстраните онаа што го поттикнува растот на лошите бактерии. Здравјето на цревата влијае на метаболизмот, на складирањето енергија и на хормоните на глад. Умереноста помага во контролирањето на овие процеси, што на крајот доведува до слабеење. Кога лошата исхрана, пиењето алкохол, земањето лекови (вклучително и антибиотици) и високото ниво на стрес ја нарушуваат рамнотежата на добрите и лошите бактерии во цревата, се јавуваат проблеми со варењето на храната. Покрај надуеност и запек, често се јавува и болка во стомакот.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте која храна треба да ја ограничите и да ја избегнувате:rn
Преработени житни култури
rnРафинираните јаглехидрати (бел леб и тестенини од бело брашно) ги хранат лошите бактерии во дигестивниот систем. Ова може да ја намали количината на добри бактерии и да доведе до воспаление. Преработените јаглехидрати потешко се разградуваат и почесто предизвикуваат непријатни гастроинтестинални симптоми.rn
Индустриска храна
rnОвие производи имаат многу малку хранливи материи и се идеална средина за микробите што предизвикуваат воспаление. Преработената замрзната и конзервирана храна честопати е скриен извор на глутен што им пречи на многумина.rn
Храна богата со масти
rnИако мастите се неопходни, премногу мрсната храна го отежнува движењето на дебелото црево. Пржената храна ги влошува симптомите како надуеност, гадење, гасови и дијареја, па затоа треба да биде ограничена.rn
Млечни производи
rnКога станува збор за млечните производи, важно е да бидете умерени. Исхраната со малку млечни производи (на пример, медитеранската диета) ја зголемува количината на добрите бактерии и го намалува бројот на лошите бактерии. Избегнувајте млечни производи со висока содржина на лактоза.rn
Црвено месо
rnЗа да ги заштитите цревата, намалете ја употребата на црвено месо како свинско, говедско и јагнешко, особено кога станува збор за месните преработки. Не само што содржи многу заситени масти, туку црвеното месо го намалува и нивото на добрите бактерии.rn
Вештачки засладувачи
rnТие не се апсорбираат во тенкото црево и стигнуваат речиси непроменети до дебелото црево. Тука ја нарушуваат рамнотежата на бактериите предизвикувајќи гасови и дијареја. Избегнувајте сокови и газирани пијалaци кои речиси секогаш содржат вештачки засладувачи.rnrnВо продолжение прочитајте која храна е добра за цревните бактерии:rn
Овошје и зеленчук богати со растителни влакна
rnЈадете колку што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук кои содржат пробиотички влакна и супстанции кои ги стимулираат добрите бактерии во цревата.rn
Интегрални житарки
rnИнтегралните житарки како овес и јачмен ќе го подобрат вашиот микробиом, но секогаш бирајте ги оние без арома, што не содржат додадени сол и шеќер.rn
Храна богата со здрави масти
rnОмега-3 и омега-6 мастите присутни во лененото семе, мрсната риба, јајцата и оревите се добри за цревната флора и треба да се јадат секојдневно. Покрај исхраната, физичката активност и доволното спиење ќе ви помогнат во заштитата на цревата.rnrnПрочитајте кои 8 намирници ги менуваат состојките во различни услови.