Гешталт терапијата е холистичка форма која е насочена кон сегашниот живот и предизвиците на поединецот, наместо да истражува во минатите искуства. Повеќе за тоа ќе ни раскаже Кирил од Персона – здружение за психолошко советување.rnrn
1. Дали можете да ни раскажете кој стои зад здружението Персона? Од каде дојде идејата да започнете со ова здружение?
rnПозади профилот на Персона стои Кирил Мишев. Млад лиценциран психолог, трета година едукант во Гешталт терапија и наскоро м-р по клиничка психологија, со големо практично искуство во земјава и надвор од неа. Зборот едукант значи долготрајна едукација, вид психотерапија која работи со целата личност, низ која и јас самиот сѐ уште поминувам. Покрај теоретската надоградба, подразбира години работа на себе, а потоа следува работа со клиенти под супервизија и затоа станува збор за многу одговорна професија. Поради тоа, сите прашања подолу поврзани со оваа терапија се одговорени од моја перспектива како едукант во Гешталт терапија. Моето мото е дека „само со работа на себе може да имаме посвесен и поразвиен живот, сега и овде“.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnЕдно од најубавите чувства е да се види како се создава нешто твое, нешто што го правиш со љубов, мотивација и инспирација. Нешто што е сон долги години и кога конечно ќе соберете храброст да се соочите со сите предизвици се случува чудо. Чудо што минува низ секоја клетка, нерв, вена на вашето тело и е исполнето со задоволство. Чувство што не може да се опише со зборови, туку со дела. Персона е создадена со цел да биде безбедно место каде што секој може да гради доверба, да работи на себе и на својот личен раст, на своите чувства и емоции без дискриминација и осуда.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
2. Кој е вашиот примарен фокус?
rnКако што и во повеќе наврати имам спомнато и сѐ уште стојам зад ова, мојот примарен фокус е развојната психологија. Oваа конкретна гранка се фокусира на размислувањето и однесувањето на децата од пренаталниот развој до адолесценцијата. Развојната психологија се занимава со тоа како децата растат физички, но и со нивниот ментален, емоционален, когнитивен и социјален развој. Исто така, се занимава и со советувањето со родители, индивидуално советување со луѓе кои имаат потреба од тоа и разни проекти кои се поврзани со менталното здравије.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
3. Што значи зборот Гешталт?
rnЗборот Гешталт потекнува од германската филозофија „Gestaltqualität“ што значи форма или целина и ја истражува идејата за перцепцијата. Се фокусира на различните аспекти на една личност и на тоа како тие се комбинираат во една целина, што влијае на односот помеѓу личноста и околината.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
4. Кои се придобивките од Гешталт терапијата? Кога треба да се користи Гешталт терапија?
rnПридобивките од Гешталт терапијата се да се дојде до самосвест и самоприфаќање, да се препознаат емоциите и чувствата, да се биде сега и овде, подобри комуникациски вештини, задоволување на потребите на здрав начин итн. Гешталт терапијата според мене треба да се користи во секојдневниот живот за подобра свеснот и развој на една индивидуа. Но, сепак, на професионален начин доколку забележиме анксиозност, депресија, намалена самопочит или проблеми во врската кај индивидуата, препорачливо е да се даде совет за да се обрати кај стручно лице кое има сертификација во оваа област и работи со Гешталт техниките. Гешталт техниките често се користат во комбинација со работа на телото, танц, уметност, драма и други терапии.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
5. Дали можете да ни раскажете повеќе за најпознатата Гешталт техника односно „празна столица“?
rnТехниката наречена празно столче е вежба во Гешталт терапијата, каде што клиентот го става лицето или фигурата наспроти празното столче. Од клиентот се бара да ги замисли фигурата или лицето што сака да работи и да ги искаже своите емоции кои ги потиснува длабоко во себе, а не може директно да ги сподели со личноста или, пак, таа личност веќе не е физички присутна. Терапевтот охрабрува дијалог помеѓу празниот стол и лицето во терапија со цел да ги вклучи мислите, емоциите и однесувањето на лицето. Понекогаш улогите се менуваат и лицето во терапија ја презема метафоричката личност или дел од лицето на столот. Техниката на празен стол може да биде особено корисна за да им помогне на луѓето да внимаваат на целата ситуација и да заборават или да расклопат делови од сопственото јас.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
6. Дали луѓето во Македонија се доволно запознаени со Гешталт терапијата?
rnНа ова прашање не можам да ви одговорам со сигурност, но од мој личен аспект сметам дека луѓето деновиве повеќе се запознаваат и доаѓаат во контакт со Гешталт терапијата. За разлика од пред петнаесетина години кога за прв пат започнувале првите генерации со едукација, кога уште не било познато што е Гешталт терапијата во нашата земја поради недоволните ресурси, ограничувањата во интернет-истражувањето и многу други пречки. Денешните генерации можат многу лесно да дојдат до информации и да ја истражат оваа тема, па поради оваа причина сметам барем секој трет човек го има барем еднаш во својот живот слушнато зборот Гешталт терапија.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rn
