Популарната изрека: „Животот не е розов“, не важи за овој мал борец. Ова мало „виножито со крилја“ има толку уникатни бои, што без сомнение е едно од најубавите и најшарените птици!rnrn
rnrnСекогаш е добро да внесете уште малку боја во вашите животи, затоа сметаме дека оваа раскошна птица ќе го стори токму тоа.rnrn
rnrnОвој вид птици со бели веѓи живеат во Кина, во Тијан Шан и Хималаите, но може да се сретнат и во шумите. Имаат сини пердуви со костенлива капа , розови пердуви на стомакот и веѓи кои преливаат во сиви или бели. Мажјаците имаат поживописни бои од женките. Тие тежат помеѓу 6 и 8 грама и се од 8,5 до 10 сантиметри долги.rnrn
rnrnОвие птици од видот Leptopoecile sophiae не само што се убави, тие се исто така, многу учтиви, бидејќи звуците кои ги испуштаат звучат како „sirrrr“ (господине). „Волшебниците со бели веѓи“ живеат во парови кога им е сезоната на парење, но при крај на оваа сезона, тие живеат во јата од 25 или повеќе птици. Тие се хранат со многу разновидна храна која се состои од мали инсекти и пајаци, но и мали количини на бобинки и семиња во есен и зима.rnrn
rnrnЗа среќа, на овие шарени птици не им се заканува истребување, што веројатно е резултат на нивните добро прикриени гнезда или пак поради малиот број на предатори во нивните места на гнездење.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие фотографии што ќе ви го подобрат расположението бидејќи ова се 10-те најслатки животни во светот.
Природата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот
