КАФЕ ПАУЗА

Барате уникатно име за вашето девојче? Погледнете ги овие што значат „принцеза“ ширум светот!

Новите, млади родители сè почесто бараат уникатни имиња за своите дечиња со цел да ги одвојат од останатите и да ги направат посебни. Тие бараат нешто што би го нагласило нивниот карактер. Тоа не секогаш е лесно, бидејќи често сме под влијание на нашите мајки и татковци, баби и дедовци, и други роднини што ја поддржуваат идејата за традиционални македонски имиња. Па, доколку барате нешто уникатно за вашето мало девојченце, тогаш погледнете ги овие имиња што во превод значат принцеза. Тие не само што имаат нежно значење и не се толку познати во нашите краишта, туку и звучат многу убаво!rnrnrn

1. Јуки

rnСигурно веднаш ќе погодите дека ова име доаѓа од Јапонија. Постои верување дека бебето со ова име ќе порасне и ќе се претвори во важна дама што ќе обожава да патува.rn

2. Маеле

rnОва креативно и милозвучно име е многу распространето во Ирска.rn

3. Тиа

rnТиа е име со грчко потекло што сè почесто може да се чуе на Балканот.rn

4. Туала

rnВерувале или не, и ова име е со ирско потекло. Тоа звучи многу егзотично и без сомнение остава впечаток и брзо се помни.rn

5. Шари

rnОва е оригинално и разиграно име со потекло од Индија.rn

6. Емира

rnЕмира е име што звучи префинето и романтично, а потекнува од арапскиот јазик.rn

7. Маја

rnСигурни сме дека знаете многу девојки што се викаат Маја, зарем не? Иако тоа е доста популарно име кај нас, истовремено е бајковито и шармантно, со арапско потекло.rnrnОчекувате бебе? Погледнете ги и овие популарни латински женски имиња со силно значење!