КАФЕ ПАУЗА

Игри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врската

Игри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врската

Бакнежот е многу важен дел од секоја врска. Преку него се поврзувате со партнерот по долг, ужасен ден и тоа е првиот чекор кој води кон секс. Но, колку подолго сте во врска и како што стареете, бакнежот станува сѐ помалку значаен и присутен. Токму затоа ви требаат игри со бакнување! Кога последен пат сте играле такво нешто? Најверојатно во основно или средно училиште. Можеби ќе ви делуваат незрело и детско, но токму овие игри ќе ве натераат да заборавите на вашето напорно секојдневие и ќе ви дадат можност да нурнете во романтичниот свет на бакнежите барем за момент. Погледнете ги следниве игри со бакнување што сигурно ќе ве вратат во детството кога бакнежот беше највозбудливото нешто на светот…rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

Љубовно шише

rnОва е несомнено најпознатата игра со бакнување, без разлика дали сте основци, средношколци или возрасни. Можеби не би ја играле со вашиот партнер, но доколку сте сингл, дефинитивно можете да ја предложите на следната забава што ќе ја организирате со пријателите. Ставете празно шише во центарот на кругот и свртете го. Таму каде што шишето ќе застане, тоа е личноста која треба да ја бакнете. Искрите ќе летаат насекаде!rn

7 минути во рајот

rnДа продолжиме со тинејџерските игри! Искористете го истото шише и свртете го за да ви одбере партнер. Однесете ја личноста што ќе ви се падне во најблискиот тоалет или ходник и бакнувајте се цели 7 минути. Целата облека мора да остане на вас. Не мора да бидете сингл или да организирате забава за да ја играте оваа игра. Зграпчете го вашиот партнер, од подиумот на забавата одвлечете го во најблискиот тоалет, наместете го алармот на 7 минути и бакнувајте се страсно. Сигурни сме дека вашите сакани ќе уживаат во оваа пријатно изненадување!rn

„Шмукни“ и дувни

rnНајверојатно ја помните оваа игра од филмот „Изгубена“ (Clueless). Еве што треба да направите: Направете круг и пренесувајте некаква картичка од уста на уста со тоа што ќе ја шмукате со устата. Ако картичката падне, ќе добиете бакнеж. Оваа игра е безопасна и полна со флерт, но повторно не мора да бидете сингл за да ја играте. Можете вие и вашиот партнер да бидете единствените играчи. Обидете се да си ја пренесувате картичката од уста на уста што е можно подолго. Не е толку лесно колку што изгледа, но на крајот ќе си размените еден куп бакнежи, а токму тоа е и поентата!rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

Тајни бакнежи

rnОваа игра дефинитивно ќе ја врати возбудата во вашата врска! Мора да ја играте на јавно место или на забава. Одредете место каде што ќе одите да се бакнувате со партнерот без никој да ве забележи. Дознајте колку тајни средби ќе можете да изведете во една вечер без да бидете фатени! Единствениот предизвик е никој да не ве види. А дури и да ве „начека“ некој, тоа само ќе ги направи нештата уште повозбудливи.rn

Маратонско бакнување

rnБакнувајте се колку што можете подолго. Првиот кој ќе се тргне за да земе воздух – губи! Победникот има право да одбере казна, но казната мора да биде нешто секси. Кога ќе го земеме тоа предвид, очигледно е дека нема губитници во оваа игра.rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

Правило за бакнување

rnДали сакате да ја вратите возбудата во вашата долга врска? Оваа игра со бакнување е одличен почеток! Со партнерот одберете колку пати во денот треба да се бакнете (мислиме на вистински бакнеж, а не на краток бакнеж во образ). Почнете со најмалку 10 пати и видете колку брзо можете да го исполните предизвикот во еден ден и потоа дуплирајте го бројот на бакнежи. Ова е забавен предизвик што треба да трае најмалку 8 дена.rn

Бакнување на семафор

rnКога ќе бидете заедно во автомобил со партнерот, секогаш кога ќе застанете на црвено светло, бакнувајте се страсно додека не се смени светлото на семафорот. За оваа игра потребна е концентрација и многу страст, а има ли нешто повозбудливо од тоа? Предизвикот е многу романтичен, но внимавајте да не се судрите во целиот процес.rnrnИгри со бакнување што ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врскатаrn

Очи ширум отворени

rnВо оваа игра со бакнување, предизвикот е да се бакнувате со партнерот со отворени очи што е можно подолго. Како што бакнежот ќе станува пострастен така ќе ви се зголемува желбата да му се препуштите на моментот. Но, не се препуштајте така лесно, бидејќи победникот има право да побара што сака од губитникот.rnrnДоколку ви треба дополнителна помош за да ја разгорите страста во врската, прочитајте ги следниве 7 чекори до долг и незаборавен бакнеж.