КАФЕ ПАУЗА

Ичиго Ичи – јапонската уметност на живеење: Секој ден е посебен!

Ичиго Ичи - јапонската уметност на живеење: Секој ден е посебен!

Written by

in

,

Ичиго Ичи, јапонската филозофија на живеење, нè потсетува дека секој ден е посебен и секој момент е бесконечно вреден. Откако ќе помине, тој никогаш нема да се врати.rnrnИчиго Ичи - јапонската уметност на живеење: Секој ден е посебен!rnrnИчиго Ичи во суштина означува наоѓање среќа во сегашноста. Секоја средба, сè што доживуваме, е уникатно искуство што никогаш повеќе нема да се повтори на ист начин, а ако дозволиме моментот да ни се „лизне низ прстите“ без да уживаме во тоа, тој засекогаш е изгубен.rnrnИчиго Ичи не потсетува дека секое утро е посебно, секој момент поминат со нашите деца и најблиски е бесконечно вреден и го заслужува нашето целосно внимание. Воведувањето на овој начин на размислување ќе ви овозможи да имате посреќен и поисполнет живот без да бидете оптоварени со минатото или да бидете загрижени за иднината. Овој метод ќе ве научи и да живеете во сегашноста, да го препознаете и цените животот во секој момент. Затоа ви ги претставуваме 5-те принципи кои ја сумираат оваа јапонска филозофија:rn

1. Ценете го секој момент од животот

rnМигот што ќе помине, никогаш нема да се врати. Пронајдете нешто убаво во секој ден и не чекајте ги родендените за да прославите нешто – самиот живот е доволна причина за славење.rn

2. Бидете присутни

rnПатувањето во минатото и иднината е често исцрпувачко, болно и скоро секогаш бескорисно. Вие не можете да го смените тоа што се случило или да знаете што ќе се случи во иднина.rnrnЕдинственото што ви е загарантирано е овој момент!rn

3. Направете нешто што никогаш не сте го направиле

rnАјнштајн еднаш рекол дека не можете постојано да ја правите истата работа и да очекувате различни резултати.rnrnЗапочнете со нешто ново и возбудливо што накратко ќе ве одвои од секојдневието и ќе ви покаже дека има уште многу моменти за кои вреди да се живее.rn

4. Користете ги сите свои сетила

rnНаучете ја уметноста на слушање, гледање, допирање, вкусување и мирисање за да му дадете важност на секој момент.rnrnТоа, исто така, ќе ви овозможи да бидете повнимателни со другите и да ја зголемите вашата емпатија и разбирање.rn

5. Забележувајте коинциденции

rnСвесноста за случајностите ќе ви помогне да бидете подобри во читањето на знаците што ви ги испраќа Универзумот.rnrnДневникот во кој може да ги забележите моментите на секојдневната магија ќе ја зголеми вашата способност да ја следите магичната нишка на реалноста.rnrnМожеби сакате да прочитате и за икигаи – јапонската тајна за исполнет живот.