Жените го сакаат сексот исто колку и мажите. Еве кои се причините поради кои тие се одлучуваат на секс од страст наместо на секс од љубов.rnrn
rn
Самопотврдување
rnОваа причина не е чудна кога станува збор за мажите, но и кај жените има исто значење. Жените сакаат да се чувствуваат секси, посакувано и со моќ да заведуваат. Нив ги исполнува кога мажите ги гледаат со воодушевување. Некои жени успеваат да си ги потврдат овие карактеристики само со флерт, додека други мораат да одат до крај.rn
Секс заради одмазда
rnПовредените девојки и жени се подготвени на сè. Откако некои жени ќе ја изгубат вербата во својот партнер, тие добиваат потреба да му се одмаздат не само нему, туку и на целиот човечки род. Затоа, во ваква ситуација, тие сакаат да кршат срца, но главната цел е сепак, да го повредат оној кој ги повредил нив. Тие ќе се почувствуваат релаксирано, дури и ако другата личност никогаш не дознае дека биле со друг маж.rn
Физичка потреба
rnАко жената во моментот нема партнер, физичките потреби ќе си го направат своето порано или подоцна. Во ваков случај, „запалената“ жена ќе го бара својот „плен“ бидејќи таа сака секс и тоа е тоа, не може да направи ништо против своите потреби.rn
Ослободување од стрес
rnЖивееме во стресно доба, во кое најголем дел од нашето време го поминуваме во работни обврски кои честопати многу влијаат на акумулирање на стрес во текот на работната недела. Некои девојки во петок вечер сакаат да се „начукаат“ за да заборават на проблемите, други сакаат да се свиткаат во ќебенце и да гледаат филмови цел викенд, а трети едноставно сакаат да се опуштат со секс за една вечер.rn
Ослободување од обврски
rnОва е карактеристично за мажите, но во последно време се покажува дека и жените сè повеќе и повеќе сакаат само да се забавуваат, без да размислуваат за чистотата во домот или за обврските во кујната.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.