Иако најчесто се верува дека виното одговара со одредена храна, компанијата Reverse Inovation верува дека виното најдобро се служи со добра книга. Миланската агенција за дизајн на производи се здружила со Матео Корегиа, винарница која има добивано многу награди, со цел да ги создадат вината со книжевни содржини – Либротиглиа.rnrn
rnrnСоставена од три вина, две црвени и едно бело, линијата Либротиглиа се одликува со нејзиниот уникатен изглед. Името е комбинација на двата италијански зборови „книга“ и „шише.“ Со чистиот, минималистички дизајн, шарениот изглед и информациите за сортата на виното, годината и регионот од каде потекнува, секое шише може да изгледа обично. Но, со затегнување на врвката која е околу него, ќе откриете дека етикетата всушност е мала книга! Ова ви нуди одлична можност да се релаксирате додека го пиете вашето омилено вино.rnrn
rnrnАгенцијата овластила тројца автори за пишување на литературните придружници на овие вина. За сега, тие се достапни само во Италија.rnrn
Иновативни шишиња: Читајте книга додека пиете вино









