И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Сподели

Кога немате време за средување, не грижете се, и без тоа можете да изгледате одлично. Погледнете ги следните предлози за комбинации, кои ќе ви служат како инспирација за помрзливите денови.rn

Реклама

Убав џемпер во поголем број

rnЏемперот во поголем број ќе направи да се чувствувате удобно и топло. Не ќе мора да се грижите за килограмите бидејќи џемперот и онака сѐ ќе покрие. Во комбинација со дебели хеланки ќе направи да изгледате тренди и средено истовремено, без многу напор.rn

Маица со бенд

rnДозволете си малку рок изглед и облечете ја маицата со омилениот бенд. Искомбинирајте ја со фармерки и чизми. А, доколку надвор е потопло, супер избор ќе бидат и едноставните балетанки. Дури и косата да не ви е совршено наместена, не грижете се, сите ќе ви се восхитуваат на одличниот вкус за музика.rn

Хеланки

rnНе мора да вежбате за да ги носите ваквите хеланки. Ако не сте расположени за фармерки, слободно облечете ги. Удобни се и интересни. Но, внимавајте, оцртуваат сѐ, па доколку ви е непријатно искомбинирајте ги со подолга маица.rn

Интересна шапка

rnШапките се моден детаљ и никој нема да забележи дека ја носите за да ја сокриете несредената коса. Изберете некој интересен модел како баретка или нешто во стилот на дваесеттите за погламурозен изглед. Понудата е голема и сигурно ќе најдете некоја по ваш вкус.rn

Темни бои

rnКога не знаете што да облечете, облечете се во црно. Не мора да се грижите како да ги искомбинирате парчињата, а истовремено ќе изгледате скромно и класично. Навистина лесно решение.rn

Палто

rnОблечете што и да е и одберете некое убаво палто што ќе покрие сѐ. Ако надвор не е многу жешко, ќе можете и целиот ден да го минете така. Најубавото кај палатата е што можете да ги носите со недели и никој да не се зачуди.rn

Фустан

rnКога ќе видите девојка во фустан, си спомнувате колку ли време потрошила за спремање. Но, всушност фустаните се носат токму кога не можете да искомбинирате ништо попаметно. Па, ако надвор времето е убаво, зошто да не го облечете омиленото фустанче? Солидно решение за мрзливи денови, кое оддава сосема различен впечаток за вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира