Селенот е минерал кој му е потребен на нашето тело. Во мали дози има позитивно влијание на нашето здравје, додека во големи количини може да биде дури и опасен.rnrn
rnrnrn
„Премногу селен (200 микрограми на ден) се поврзува со зголемен ризик од дијабетес дип 2, рак на простатата, а поголема количина од овој минерал нема да има позитивен ефект ниту на срцето. Селенот е еден од оние елементи кои му се потребни на нашиот организам, но многу е важно да се одреди вистинската доза“, објаснува Марк Мојард, автор на книгата „Прирачник за додатоци во исхраната“ (The Supplement Handbook).
rnИстражувачите имаат утврдено дека количината на селен во телото се поврзува со плодноста, поточно жените кои внесуваат доволно од овој минерал во својот организам во поголем број случаи полесно остануваат бремени од оние кои не го внесуваат доволно.rnrnЕден од најсигурните начини да внесете доволно, но не и премногу селен е да го внесувате преку храната. Па, кои намирници треба да ги јадете?rn
1. Бразилски ореви
rnБразилскиот орев е најдобар извор на селен со 514 мкг на 30 грама ореви (6-7 ореви).rn
2. Риба
rnСо 95 мкг на порција туна, таа е на второ место. Добар извор на селен се и сардините со 45 мкг по порција.rn
3. Свинско, говедско, пилешко
rnКако и рибата, и месото е богато со селен. Бифтекот има 42 мкг, говедското 33 мкг, мисиркиното има 31 мкг, а пилешкото 22 мкг по порција.rn
4. Домашно сирење
rnНе само што има 20 мкг селен туку и 130 мг калциум на 100 грама.