Храна која ќе ви помогне да се заштитите од сонцето

Сподели

rn

Реклама

Темно зелен лиснат зеленчук

rnСпанаќ, кељ и други темни лиснати зеленчуци се богати со антиоксиданси, особено со каротеноиди. Кога се консумираат, каротеноидите помагаат во спречување на изгорениците од сонцето кои можат да водат до брчки и рак на кожата.rn

Калинки

rnКалинките се богат извор на елагична киселина која ги заштитува клетките на кожата од УВА и УВБ зраците.rn

Реклама

Моркови

rnМорковите се едни од најдобрите извори на бета-каротен, антиоксиданс кој ја штити кожата, ткивото и клетките од штетата која настанува од прекумерното изложување на сонце. Морковите исто така го забрзуваат лечењето на изгорениците од сонцето.rn

Зелен чај

rnЗелениот чај содржи епигалокатехин галат (EGCG) што е природна хемикалија и го намалува воспалението на кожата и штетата која настанала од сончевите зраци. Одберете безкофеински чај бидејќи кофеинот може да ве дехидрира.rn

Јагоди

rnЈагодите се богати со антиоксиданси, витамин Ц и содржат танини кои ја намалуваат болката од изгорениците. Едноставно направете пире од јагоди и нанесете го на оштетените места за природно лекување на изгорениците од сонце.

Реклама

Погледнете ги и овие совети за правилно нанесување на кремата за сончање.

Најново

Може ќе ве интересира