Погледнете ја оваа кратка листа која ќе ви помогне без диета да ослабете неколку килограми пред почетокот на летото…rn
Благ десерт
rn
rnrnЕдна интересна студија која била спроведена од Универзитетот во Тел Авив открила дека луѓето чии оброци за појадок изобилуваат со јаглехидрати и протеини и кои потоа јадат десерт губат многу повеќе тежина од оние кои го започнуваат својот ден со нискокалорична храна без шеќер. Учесниците кои си дозволувале мала закуска – чоколадо, крофна, колаче или парче торта изјавиле дека се чувствуваат многу помалку гладни и имаат помала потреба за храна во текот на целиот ден. По завршувањето на 8-месечното тестирање, тие во просек изгубиле 20 килограми, а оние кои биле на нискокалорична диета изгубиле само 5 килограми.rn
Супа
rn
rnrnСпоред едно истражување од Пен Стејт, доколку изедете една чинија нискокалорична супа пред главниот оброк, вие ќе конзумирате во просек околу 20% помалку калории за време на ручекот. Токму затоа секогаш одбирајте нешто полесно и поздраво како предјадење.rn
Овесни снегулки со ореви
rn
rnrnБидејќи се многу густи, на вашето тело му е потребно многу повеќе време да ги обработи оревите. Како резултат на тоа, тие ќе останат подолго време во вашиот организам и ќе чувствувате ситост со часови по конзумирањето. Доколку ги комбинирате со овесни снегулки кои изобилуваат со јаглехидрати, вие ќе добиете дополнителна енергија која ќе го одржува нивото на шеќерот во крвта и токму поради тоа нема да имате потреба да јадете чоколади и други благи во текот на денот.rn
Млеко
rn
rnrnЕдна студија која била објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана открила дека луѓето кои пијат една и пол чаша млеко на ден губат дупло повеќе килограми од оние кои пијат само половина чаша. Доколку пиете редовно млеко вие ќе го зголемите нивото на витаминот Д во вашата крв кој ќе ви помогне со губењето на тежината.rn
Домашен сендвич
rn
rnrnОние кои барем еднаш неделно излегувале надвор на ручек губеле многу помалку тежина од оние кои си носеле домашно подготвен оброк на работа. Истражувачите од Центарот за истражување на ракот Фред Хатчинсон, кои ја спровеле оваа студија, велат дека за разлика од домашно подготвената храна, вие немате многу контрола врз состојките и големината на оброците кои ги служат во рестораните.rn
Марула
rn
rnrnУбавината на зелените салати е што можете да изедете поголемо количество од нив без да се грижите за внесувањето на голем број калории. Плус, за да изедете обемна салата потребно е повеќе време, што ќе ви помогне да се чувствувате сити. Поголемиот дел до луѓето го завршуваат својот оброк за 5-10 минути, а на нашето тело му требаат барем 20 за да сигнализира дека ни е доволно, па токму затоа јадете колку што е можно побаввно.rn
Црно чоколадо
rn
rnrnСпоред откритијата на Универзитетот во Копенхаген, црното чоколадо исполнува многу повеќе од млечното. Во ова истражување се открило дека луѓето кои изеле 100 грама црно чоколадо и на кои потоа им било понудена пица, изеле 15% помалку од останатите испитаници кои изеле 100 грама млечно чоколадо како предјадење.rn
Диња
rn
rnrnСекоја храна која изобилува со калиум (лубеница, авокадо, банана) има улога на природен диуретик кој помага при исфрлањето на насобраната непотребна вода во вашето тело.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.