КАФЕ ПАУЗА

11 нешта кои само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат

11 нешта кои само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат

Доколку имате помал брат или помала сестра тогаш имате цело богатство во животот. Секако, тоа богатство на моменти може да ви оди на нерви, но искрено, сè би дале за вашите помали браќа и сестри.rnrnПостари браќа и сестри обединете се, ова се нештата кои само вие меѓусебно ги разбирате.rnrn11 нешта кои само поголемите браќа и сестри ќе ги разбератrn

1. Го менувате расположението често и ненадејно

rnДали страдате од биполарно нарушување? Не, едноставно имате помал брат или сестра. Во еден момент врискате од нервоза бидејќи ништо не им влегува во глава, во наредниот ви доаѓа да ги гушнете бидејќи вистински ги сакате. Како можеше вашата сестра да ви го земе фустанот без да ве праша? Се спремате за војна, но од друга страна не можете да си го замислите животот без неа. Еве сега ви кажува добра случка или проблем со дечкото и вие заборавате за што ѝ се деревте пред малку и се свртувате кон давање совети.rn

2. Вие мора да бидете кул

rnИ ова може да биде навистина напорно. Вие мора однапред да знаете сè бидејќи го имате веќе искусено и да бидете кул брат/сестра. Вашата желба да им бидете идоли на помалите браќа и сестри е навистина голема.rn

3. Од вас се бара да бидете брутално искрени

rnКој ќе им ја каже болната вистина ако не вие? Затоа ќе мора да ѝ кажете на помалата сестра дека не ѝ се јавува бидејќи не е заинтересиран или на помалиот брат дека не личи на Роналдо па подобро да смисли друга цака за фаќање женски.rn

4. Од вас се очекува да бидете добар пример

rnИсцрпувачки! За сè што вашите помали браќа и сестри ќе направат погрешно вие сте ги научиле лошо, но никој не ве фали кога нешто ќе заврши на арно. Вие мора да бидете одговорни и примерни бидејќи тие ве земаат за пример.rn

5. Не смеете да покажете слабост

rnДоколку минувате низ тежок период, да речеме семеен проблем кој го делите со вашите браќа и сестри, вие мора да бидете похрабри бидејќи сте постари. И вам ви е тешко, само немате право да го покажете тоа. Вие секогаш мора да давате утеха и да воспоставувате баланс.rn

6. Секогаш мора да попуштате

rnПопаметниот попушта, па така „Попушти, постар/а си“ сте го слушнале и сами не знаете колку пати.rn

7. Уживате да се фалите со вашето искуство

rnШто им оди на нерви на помалите. „Ех, кога бев на твои години“… или „Сум минал/а низ тоа уште кога ти беше бебе“. Ваквите паметни испади често се игнорирани бидејќи звучат многу самобендисано.rn

8. И самите не знаете од колку „каши“ сте ги извадиле

rnОд пишување состав вечерта пред писмена до криење на нивното враќање дома доцна. Добро, како никој не беше тука да го направи тоа за вас?!rn

9. Порано ви одеа на нерви бидејќи секогаш мораше да бидат со вас

rnГи влечевте со вас како пијавици, а ако решевте да се побуните одма имавте проблем со родителите. Така ќе го трпите помалиот брат кој упорно седи во вашата соба кога на гости ви се дојдени другарките. Уф, навистина имате желба само да го фрлите низ балкон.rn

10. Имало моменти кога сте биле убедени дека се глупави

rnДобро, како е можно да не разбира нешто толку едноставно? И зошто поставува толку прашања? Уф, ако не му/ѝ објасните по 100-ти пат ќе имате проблем со родителите кои ќе тврдат дека не сте заинтересирани да им помогнете на своите браќа/сестри.rn

11. Животот без нив би ви бил празен

rnПокрај сè, кога подобро ќе размислите, без нив најверојатно ќе бевте размазено дете без своето најголемо богатство… знаете она што понекогаш ви оди на нерви.