КАФЕ ПАУЗА

Губење на невиноста: Што треба да знаете пред првиот секс?

Постојат неколку неверојатни искуства во животот на една млада жена. Пред првиот месечен циклус, тешко е да замислиме како би се чувствувале или како би изгледало ткивото да паѓа од телото со денови. Пред првиот бакнеж необично е да замислиме како би изгледало да го притиснеме нашето лице кон нечие друго и да го движиме јазикот наоколу. Губење на невиноста? Дури има цели филмови посветени на тоа.rnrnБез разлика на годините и искуството, губењето на невиноста е навистина важен момент во животот на една млада жена. Може и треба да се подготвиме за тоа колку што е можно повеќе, но никогаш нема да знаеме точно какво е чувството сѐ додека не го направиме тоа.rnrn0-gubenje-na-nevinosta-shto-treba-da-znaete-kafepauza.mkrn

1. Не крварат сите

rnСпоред филмовите и книгите, губењето на невиноста е пропратено со масивни количини крв, но реалноста и не е баш таква. Некои девојки воопшто не крварат и тоа е сосема океј. Многу полесно е да се релаксирате и да уживате откако ја дознавте оваа информација, зар не?rn

2. Нема да ве промени

rnПред да го имате првиот секс, мислите дека тоа ќе биде магично искуство кое ќе ве поврзе со партнерот на едно многу подлабоко ниво, но ова ретко се случува. Иако губењето на невиноста треба да биде посебно, сепак не треба да очекувате дека ќе бидете магично променети потоа. Истата личност сте, само немате химен.rn

3. И девиците можат да фатат сексуално-преносливи болести

rnАко момчето со кое сакате да ја изгубите невиноста, веќе спиело со други, тој треба да се тестира пред да направи што било со вас. Иако може да нема ништо, сепак можно е, иако сте девица, да ви пренесе некоја болест.rn

4. Не очекувајте премногу од сексот

rnФакт е дека и девојките многу често размислуваат за секс и за тоа каков е или каков ќе биде, а бидејќи сме многу имагинативни суштества, пред да го имаме првиот секс ние си поставуваме многу високи критериуми. Не очекувајте премногу од сексот. Тој е посебен, но не до тој степен. Сигурно не сакате да помислите: „Ова? Ова е сексот?! Само олку?!“rn

5. Бидете трезни

rnГубењето на невиноста се случува само еднаш во животот и тоа искуство треба да го паметите што е можно повеќе. Ако ви е потребен алкохол за да се опуштите и да уживате во него, веројатноста е дека не сте подготвени, а можеби и тој не е вистинскиот.rnrn1-gubenje-na-nevinosta-shto-treba-da-znaete-kafepauza.mkrn

6. Потребно е да помине време пред да стане убаво

rnПрвиот секс можеби и нема да ви биде најубавиот секс во животот, а таков можеби нема да биде ни вториот ни третиот. Но, некогаш во вашиот живот, ќе ја почувствувате неговата магија, само треба да бидете трпеливи.rn

7. Не треба да се грижите колку години имате

rnАко тој ве засмејува и чувствувате некоја навистина длабока поврзаност со него, тогаш знаете дека тој е вистинскиот. Сексот не го определуваат годините, туку го определува чувството, а нема ништо поубаво од тоа да ја изгубите невиноста со некој во којшто навистина сте искрено длабоко заљубени. Вреди да го чекате вистинскиот за ова чувство.rn

8. И тој паничи

rnИако можеби не му е прв пат, нему сепак му е прв пат со вас. Тој се плаши дали ќе ги достигне вашите очекувања, а и тој подеднакво стравува да не останете бремени. За сексот се потребни двајца и двајцата подеднакво вложувате. Не грижете се, најверојатно и тој паничи за истите нешта како и вие.rn

9. Треба да им кажете само на најблиските

rnИако сакате целиот свет да дознае, најдобро е да знаат само вашите и неговите најблиски. А сосема во ред е и само вие и партнерот да знаете.rn

10. Во сексот учествувате двајцата

rnСексот треба да претставува задоволство за двата партнери. Ако цело време размислувате за тоа како ќе ви биде скинат хименот и дека никогаш повеќе нема да го имате, ем нема да можете да се опуштите и да уживате во односот, ем нема да имате иницијатива да му пружите задоволство на партнерот. Од друга страна пак, доколку чувствувате дека нешто не ви е по мерак, едноставно не го правете.rnrnrn

11. Можно е и ништо да не почувствувате

rnДа, сексот може да биде магичен или да предизвика болки, но може и да не почувствувате апсолутно ништо. Може да ви делува како некој да ве допира за нога.rn

12. Не морате да му кажувате на партнерот дека сте девица

rnАко само сакате да завршите со тоа и да ви се тргне од главата, а неколку пати сте пробале да им кажете на некои партнери дека сте девица и тие едноставно престанале да комуницираат со вас, тогаш можеби најдобро е и да не кажувате. Така, нема да направите голема работа од тоа и можеби повеќе ќе уживате.rn

13. Никој нема да препознае

rnСите муабети дека после првиот секс имате некој посебен сјај и дека едноставно сите ќе знаат? Глупости. Никој нема да може да познае освен ако не ве види таму долу. Затоа едноставно уживајте. Тоа искуство е наменето исклучиво за вас и за партнерот.