Градинарска салата на скара

Сподели

Пеколните горештини се како измислени за добра дружба во двор под дебела сенка. Во таква атмосфера скарата е неизбежна. Изненадете ги пријателите со едноставно подготвена салата на скара. Тој вкус на зеленчукот допрен со ќумур ќе ù даде посебен шмек на салатата.Потребно е:rn

    rn011

    Реклама
  • 1 главица марула
  • rn011

  • половина портокалова бабура
  • rn011

  • половина жолта бабура
  • rn011

  • половина главица кромид
  • rn011

  • 10-12 чери домати
  • rn011

  • 1 краставичка
  • rn011

  • 60 г тостирани пињоли
  • rn011

  • 80 г сланина, исечкана на коцки
  • rn

rn

Подготовка: Исечете ги на поголеми коцки бабурите и кромидот и набоцкајте ги на стапчиња за скара. Печете ги на скара додека да се карамелизира кромидот и да омекнат пиперките. Марулата исечете ја на крупни парчиња, доматите на половинки и краставичката на тркалца.Тостирајте ги пињолите и пропржете ја сланината.Сите состојки ставете ги во длабока чинија за салата, заедно со кромидот и пиперките на скара. Зачинете со сол, бибер, маслиново масло и оцет по вкус.На крај, не заборавајте да си направите мохито од ананас на скара.

rn———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира