Односите со другите луѓе ни носат среќа и задоволство, но исто така често тие се извор на тага и разочарување. Поради таа причина, ако сакаме да бидеме вистински среќни мора да научиме да игнорираме одредени зборови, ставови и однесување на другите луѓе. Со секој човек нема да имате убави и пријатни искуства. Според Будизмот игнорирањето е клучот за постигнување среќа. Со други зборови, игнорирањето е уметност, односно метод за да се заштитите самите. Прочитајте ги следните 3 ситуации во кои мора да ги игнорирате другите!rnrn
rn
1. Деструктивна критика
rnАко вам критиката не ви помага туку само ве фрла во очај – треба да ја игнорирате. Не дозволувајте им на другите да ви судат. Не дозволувајте нивната критика да ве повреди – заштитете се!rn
2. Негативни постапки
rnАко личност ви прави лоши работи, не дозволувајте нејзиното однесување да ја промени вашата психа бидејќи тоа ќе значи дека ја постигнала својата цел. Запомнете дека можете да навредите некого само ако тој ви го допушти тоа. Ако забележите дека некој непримерно се однесува кон вас, едноставно свртете се и заминете колку е можно подалеку од него.rn
3. Манипулација
rnПостојат луѓе кои се навикнати да ја контролираат околината со помош на емоционална манипулација. Бидете свесни за таквите луѓе, игнорирајте го дружењето со нив. Ако научите да ги игнорирате нивните зборови, бидете сигурни дека сте научиле без стрес да го живеете животот.rn
Направете заштитна обвивка
rnНавикнати сме туѓото однесување да нè изнервира или вознемири. Таквата реакција е нормална. Проблемот настанува кога таквата реакција трае подолго и почнува да влијае на нашето здравје. За да научиме да ги игнорираме луѓето што не ни одговараат треба да изградиме штит за нашата душа. Тоа значи – целосно неприфаќање на сè. На пример, одбивање да прифатиме критика или негативно однесување од другите луѓе. Прифаќаме дека индивидуата го рекла тоа што го рекла, а знаеме кој го рекол тоа и не дозволуваме да влијае врз нас. Таквата психолошка дистанца создава заштитен штит околу нас и овозможува реагирање на ситуацијата без емоционално да се уништиме.rnrnДознајте кои ирационални мисли негативно влијаат на нашиот живот.