КАФЕ ПАУЗА

Генијална техника за ефикасно ослободување од црните мисли за само неколку секунди

Кога и да ве обземат црни мисли, негативност, обесхрабреност и анксиозност, истерајте ги за неколку секунди со помош на оваа едноставна и ефикасна техника на рускиот психолог В. Лермонтов. Секако, чувствата, па така и негативните, укажуваат на некој проблем кој треба да го решиме, а не да го потиснуваме, но најважно е во моментот да не им дозволиме да нè преовладаат.rnrngenijalna-tehnika-za-efikasno-osloboduvanje-od-crnite-misli-za-samo-nekolku-sekundi-kafepauza.mkrnrnИмате 2 избора: да се фатите за работа и да го решите проблемот или само да очајувате. Но, кога ни е тешко и не можеме да го видиме излезот, потребно ни е нешто што ќе нè издигне над мрачните мисли.rnrnТехниката е толку едноставна, а ќе се изненадите колку е ефикасна.rnrnЕве што треба да направите во истиот момент штом ве обземат негативни мисли…rn

Поставете им ги во себе следните 3 прашања на тие мисли:

rn

    rn011

  1. Кој си ти?
  2. rn011

  3. Што сакаш од мене?
  4. rn011

  5. Кој те испрати?
  6. rn

rnНа овој начин своите мисли ги третирате како негативна енергија која ви е наметната однадвор, а не се идентификувате со нив и не им дозволувате да преминат во фаза на чувства или општо расположение – така тие веднаш ја губат својата сила, бледнеат и исчезнуваат.rnrnАвторот на техниката советува овие 3 прашања постојано да ги имаме на ум и со нив да ја неутрализираме секоја црна мисла, штом се појави.rnrnТака, кога и да се чувствувате душевно лошо, не препуштајте се на очајувањето, применете ја оваа техника.rn

Дополнително може да се прашате:

rn

    rn011

  • Кој има потреба од мојата болка?
  • rn011

  • Кој има потреба од мојот страв?
  • rn011

  • Кој се храни со моето страдање и чувство на обесхрабреност и безнадежност?
  • rn

rnВаквиот третман на црните мисли ќе ви донесе големо олеснување кое во таквите моменти е единственото нешто што ви треба. Запомнете ја оваа техника и применете ја следниот пат кога ќе ви надојдат црни мисли – и самите ќе се уверите во нејзината брза ефикасност.