Сите нови родители се среќни што создале толку совршено мало, екстра слатко бебенце. Но, додека да трепнете, тоа ќе порасне и нема веќе никогаш да биде малечко. Затоа, дур е сѐ уште време, направете фотоалбум кој во секој момент од вашите животи ќе предизвика смеа, солзи, радости и навраќање на семејните спомени. Прочитајте ги 14-те начини како да го сликате вашето новородено бебе, за да ги документирате најсреќните моменти од вашето новоформирано семејство.rn
1. Стапалата на целото семејство
rnНавистина е тешко да се збере целото семејство на куп, да седат сите мирно, да гледаат во апаратот и да се смешкаат. Затоа, не се ни обидувајте! Легнете сите на кревет и дозволете им на вашите стапала да ја играат главната улога во фотографијата.rnrn
rn
2. Сите стуткани во еден кревет
rnНајсмешните и најинтересните семејни моменти се случуваат кога целото „гнездо“ се излежува во кревет. Не трудете се да гледате во фотоапаратот или да изгледате совршено. Само легнете, при што некои од вас нека лежат со телото свртени кон перницата, а другите во обратна насока. Замолете некој ваш пријател да ве слика од птичја перспектива.rnrn
rn
3. Пред и по бременоста
rnОва е многу интересна фотографија. Првиот дел се прави во третото тримесечје од бременоста, кога мешето на идната мајка е најголемо, а вториот дел откако бебето ќе се роди. Плус, испраќањето на оваа фотографија до вашите пријатели, е идеален начин да им кажете дека бебето е родено и ги чекате на мекици.rnrn
rn
4. Допир со носињата
rnСпоредбата на малото бебешко лице со големото лице на родителот, е навистина слатка и прекрасна.rnrn
rn
5. Слатки соништа
rnПред бебињата да почнат да се смеат, тие се смешкаат додека спијат. Тоа е навистина глетка која го топи срцето.rnrn
rn
6. Татино бебенце
rnСилните машки раце кои држат мало слатко бебе, е слика доволно впечатлива сама по себе. Дури нема потреба ни да им се гледаат главите.rnrn
rn
7. Спој на две генерации
rnЗнаете што ќе придонесе вашето ново, прекрасно бебе, да изгледа уште поневеројатно? Моментот кога него ќе го држи в раце, најстариот член од вашето семејство. Овековечете го овој момент во незаборавна фотографија.rnrn
rn
8. Пенлива фотосесија во бањата
rnКолку е само сладок спојот од бебе и меури од сапун. Ставете меко и нежно пешкирче под главата на бебенцето, за тоа да се чувствува удобно и среќно. Немојте да очекувате дека првото капење на вашето бебе ќе биде толку слатко. Дадете му шанса прво да се навикне на чувството во вода, но имајте го фотоапаратот при рака, кога тоа ќе се случи.rnrn
rn
9. Мамина маза
rnИма нешто специјално во начинот на кој новата мајка го набљудува своето бебенце. Фотографирајте го и овој момент.rnrn
rn
10. Фотка со постарото братче/сестриче
rnПостанувањето постар брат или сестра е голема вест. Фотнете го моментот кога вашите две деца првпат ќе се видат. Едноставно сместете ги на некое удобно и безбедно место и дозволете им да почнат да се зближуваат.rnrn
rn
11. Смешна бебешка фаца
rnНамигнување, лигавење, смешкање, правење гримаси… Бебињата прават неограничен број смешни фаци, кои вреди да се овековечат.rnrn
rn
12. Оставете го да јаде торта
rnПрвите неколку родендени на вашето детенце не треба да бидат уредни и отмени. Ставете ја тортата пред славеникот, тргнете се настрана, насочете ја камерата кон него и оставете го да ја направи пуздер.rnrn
rn
13. Бебето и домашното милениче
rnДве убави нешта можат да креираат само нешто уште поубаво. Здружете го бебенцето со вашето домашно милениче и направете незаборавни фотографии.rnrn
rn
14. Утринско протегнување
rnСе прашувате која е најсмешната фаца која може да ја направи вашето бебе? Почекајте додека да го видите како се тегне.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
