КАФЕ ПАУЗА

Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

Фенг шуи ни дава совети не само за положбата на некои предмети во домот туку и за нашиот однос кон животот. Следните неколку совети ќе ви помогнат така што паричната енергија побрзо ќе тече низ вашиот дом.rnrnФенг шуи совети за поголемо изобилство во домотrn

1. Светли бои во деловите од домот каде што извршувате работи поврзани со пари

rnМајсторите на фенг шуи секогаш ја нагласуваат „паричната област“ со зелени и виолетови бои. Зелената е бојата на виталноста и растот, а виолетовата боја претставува богатство. Најдете место во кујната за сад со грозје – идеално би било мешањето бело и црно грозје, а кога ќе заврши сезоната на ова овошје, заменете го со убава реплика во бојадисано дрво или стакло.rn

2. Внимателно ракување со парите е императив

rnМногумина од нас имаат навика да ги гмечат сметките во џебот или да ги оставаат на различни места низ куќата. Размислете за односот што го имате со парите и почнете да го почитувате. Секогаш чувајте ги уредно превиткани во убав паричник. Освен тоа, внимавајте и сметките секогаш да ви бидат уредно наредени, чувајте ги во пликови или пластични кутии во живи бои.rn

3. Парите се енергија која мора да тече

rnАко немате доволно пари за давање и трошење, секако можете да им дадете на другите малку од вашето време или внимание. Затоа, секоја вечер одвојте неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате и да размислите за тоа што би можеле да им дадете на другите. Успехот не е само да добиеме повеќе туку да бидете задоволни со она што веќе го имате. Како што се чувствувате поблагодарни за она што го имате, во вашиот живот ќе има поголемо изобилство.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs