Денес ретко кој не слушнал за Елон Маск, основачот на PayPal, SpaceX и коосновачот на Tesla. Низ годините тој открил поедноставни начини да ја зголеми својата продуктивност. Неодамна тој им соопштил на вработените во Tesla дека компанијата ќе почне со амбициозен „24/7“ распоред за да пристигне што е можно повеќе. Со цел да се постигне ова, тој споделил 7 совети за зголемена продуктивност. Па, погледнете кои се тие.rnrn
rn
1. Избегнувајте големи состаноци
rnСпоред Елон, состаноците со многу луѓе се само трошење време.rn
„Големите состаноци имаат лошо влијание на големите компании и речиси секогаш се влошуваат со текот на времето. Ве молат ослободете се од големите состаноци, освен ако не сте се сигурни дека додавате вредност на целата публика. Во тој случај нека бидат што пократки.“
rn
2. Состаноците се непотребни освен ако не станува збор за нешто итно
rnУште еднаш, Елон го искажал своето мислење за состаноците.rn
„Исто така ослободете се од честите состаноци, освен ако не станува збор за нешто навистина итно. Состаноците треба да бидат поретки штом се реши најважниот проблем.“
rn
3. Ако не припаѓате на некој состанок, напуштете го
rnНема ништо лошо во тоа да си заминете од состанок каде што не е потребно вашето присуство.rn
„Веднаш напуштете го состанокот штом ќе ви стане јасно дека не додавате вредност на него. Не е неучтиво да си заминете, неучтиво е да натерате некого да остане и да му го трошите времето.“
rn
4. Зборувајте едноставно
rnВажно е да се разбере тоа што се бара, не да се користат тешки поими.rn
„Немојте да користите големи зборови за предметите, софтверот и процесите во Tesla. Во главно, сè што бара објаснување бара и комуникација. Не сакаме луѓето да помнат нови зборови само за да можат да функционираат во компанијата.“
rn
5. Синџирот на команда има граници
rnПонекогаш поважно е информацијата да стигне што побрзо до оној кому му е наменета.rn
„Комуникацијата треба да има најкус можен пат за да се заврши нешто, што значи не треба да оди преку синџир на команда. Секој менаџер кој ќе сака да воспостави синџир на команда наскоро ќе се најде на друго работно место.“
rn
6. Разговарајте директно со оној којшто ви треба
rnЕлон ги охрабрува вработените да го побараат секој што им треба, а не да чекаат на комуникација помеѓу одделите.rn
„Голем извор на проблеми е слабата комуникација помеѓу одделите. Начинот да се реши ова е да се овозможи слободен тек на информациите помеѓу сите нивоа. Со цел да се заврши нешто помеѓу одделите, потребно е некој да разговара со менаџерот, кој потоа разговара со директорот, кој разговара со друг менаџер и тогаш се случуваат навистина глупави работи. Мора да им дозволиме на луѓето да разговараат директно и да делуваат кога што треба.“
rn
7. Смешните правила се само тоа – смешни правила
rnАко нема корист од одредени правила, тие мора да се променат.rn
„Секогаш одбирајте го здравиот разум како ваш водич. Во некои ситуации следењето на правилата на компанијата очигледно е смешно. Во тој случај, правилото треба да се промени.“
rnСпоред оваа листа, можеме да за заклучиме дека Елон не е обожавател на состаноци, бирократија, хиерархија или кој било систем што ја намалува комуникацијата. Иако неговите совети се малку необични, очигледно е дека покажуваат резултати.rnrnПогледнете ги и овие научно докажани техники кои ќе ја зголемат вашата продуктивност.
