КАФЕ ПАУЗА

Стоунхенџ на американски начин

Стоунхенџ на американски начин

Кархенџ е интересна реплика на англискиот мегалитен споменик Стоунхенџ, направен од стари американски автомобили. Тој е лоциран во близина на градот Алајанс во Небраска.rnСтоунхенџ на американски начинКархенџ е замисла на Џим Рејндерс, кој го конструирал како споменик за својот татко во 1987 година. Оттогаш тој стана позната туристичка дестинација, која ја посетуваат повеќе од 80.000 луѓе годишно.rnСтоунхенџ на американски начинКархенџ е направен од 38 стари автомобили наредени во круг со дијаметар од 29 метри. Повеќето од автомобилите се наредени исправено и се закопани во дупки длабоки 1,5 метар, со багажникот надоле. На останатите кои се наоѓаат одозгора им се заварени основите една со друга, за стабилност на сводот. Сите се обоени со сива боја, за да изгледаат автентично како камења. Во близина на Кархенџ има уште неколку скулптури направени од автомобили во разни бои, кои исто така го привлекуваат вниманието на туристите кои доаѓаат секојдневно.rnСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начин