КАФЕ ПАУЗА

Експерт од Ив Сен Лоран советува: Како до совршени трепки?

Автор: Сара турановиќrnrnЛојд Симонд, креативниот директор за шминка во Ив Сен Лоран (Yves Saint Laurent) и вистинскиот експерт за шминка, реши да ја сподели тајната за совршени трепки.rnrnekspertot-od-iv-sen-loran-sovetuva-kako-do-sovrsheni-trepki-kafepauza.mkrnrnСпоред него, за трепките да изгледаат совршено, најпрво треба да користите виткач за трепки. Дури потоа следува нанесувањето маскара, и тоа од коренот на трепките од внатрешната страна на очите. Со четката притиснете ги трепките нагоре со цик-цак движења за да се разделат. За нанесување маскара на внатрешните и долните трепки користете го само врвот на четката. Можеби оваа техника ќе ви одземе повеќе време, но крајниот резултат ќе ве воодушеви.rnrnЗа да постигнете ефект на густи и долги трепки, маскарата нанесувајте ја со цик-цак движења за трепките да се разделат и секоја да биде покриена со маскара. Доколку ја нанесувате маскарата на начин со кој само ги потиснувате нагоре, трепките ќе се залепат и нема да изгледаат густо.rnrnДоколку сакате да добиете драматичен и заводнички изглед на очите, користете раскошни нијанси. Виолетовата маскара одлично им одговара на дамите со кафеави и светло зелени очи. Во текот на сончевите денови, сината маскара создава занесна експлозија на бои, посебно во комбинација со син молив за очи кој ќе го нанесете на внатрешната линија на капакот.rnrnАко сакате да добиете софистициран, но ефективен изглед нанесете ја маскарата само на долните трепки.rnrnНа прашањето како да добиеме ефект на покрупни очи, тој одговара дека маскарата е најдобра за тоа. Маскарата во црна или кафеава нијанса на горните трепки ги прави очите поотворени.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.