КАФЕ ПАУЗА

Едноставни вистини кои и паметните луѓе ги забораваат

И многу паметните луѓе понекогаш забораваат на основните работи кои можат да им помогнат да успеат. Ова се некои од нив.rnrnednostavni-vistini-koi-i-pametnite-lugje-gi-zaboravaat-kafepauza.mkrn

1. Со образованието и интелигенцијата не се постигнува ништо ако не се делува

rnНе е важно колкав IQ имате ниту кој степен на образование го имате завршено. Доколку не преземете ништо, нема да напредувате. Голема е разликата помеѓу тоа да знаете како нешто да направите и фактички да го направите. Дури и оние кои не знаат како нешто да направат ќе успеат по неколку обиди, а дури и да знаете, ако не делувате, нема да успеете.rn

2. Среќата и успехот се две различни работи

rnКога некој премногу се концентрира на една работа, другите му постануваат помалку важни. Но, во еден момент, кога ќе се сврти, ќе сфати дека тоа не е доволно. Затоа важно е да не запоставувате една работа на сметка на друга. Немојте да се концентрирате само на работата, одвојте време за пријателите, семејството, за вашето хоби, за себе…rn

3. Мора да знаете да го презентирате она што го знаете

rn…а не само да чекате другите тоа да го сфатат. Без разлика на работното место, обидете се да изгледате како да ги имате потребните вештини во малиот прст. Знаете ли да се презентирате? Покажете што можете и направете го тоа.rn

3. Кога има премногу избори потешко се донесуваат одлуки

rnДенес информациите се брзо и едноставно достапни и нудат многу избори. Но, ако немате цел кон која тежнеете, ќе се изгубите во изборите. Мора да знаете која е вашата кариерна цел, во која насока сакате да се усовршувате и да ги избирате активностите во таа насока. Усовршувањето во премногу области само ќе ви го губи времето.rn

4. Сите понекогаш успеваат, а понекогаш не

rnВо некој момент на некој му оди подобро, на друг полошо. Но, тоа не значи дека неговиот избор е подобар и дека треба да го копирате. Пречестото менување на одлуките никогаш не е добро.rn

5. Не треба сè да правите совршено

rnМожеби знаете дека можете да направите нешто совршено, но обидувајќи се да дојдете до тоа ниво ќе изгубите премногу време. Мора да научите да ги оптимизирате ситуациите, а тоа значи да ја доведете задачата до ниво до кое вложеното време дава резултати. Кога за нешто ви треба премногу време за малку да го подобрите, можеби е време да ја смените задачата. Иако мислите дека ќе ве пофалат доколку нешто направите најдобро, може всушност и да добиете критика бидејќи некој друг завршил повеќе свои задачи доволно добро, а вие само една. Разликата во квалитетот е видлива само за вас.rn

6. И грешките кои ги правите се напредок

rnПосебно ако не сте можеле да направите нешто поинаку. Не за џабе се вели: Од грешките се учи.rn

7. Луѓето можат да бидат исклучителни и во работите кои не ги сакаат

rnЧесто се мисли дека само правејќи ги работите кои навистина ги сакаме можеме да бидеме навистина добри во тоа. Факт е дека всушност многу луѓе можат да бидат добри во она што не го сакаат. Освен тоа, многу луѓе, кога ќе навлезат во некоја работа, сфаќаат дека не е таква каква што си ја замислувале, па во неа пронаоѓаат многу интересни работи кои воедно знаат да ги сработат совршено. Немојте да бидете категорични со негативен став кон нешто во што не сте се ни обиделе.rn

8. Проблемите кои ги имаме со другите често повеќе говорат за нас одошто за нив

rnМногу често проблемите со другите луѓе на работа, но и со пријателите, познаниците, партнерот, семејството, соседите, говорат повеќе за нас одошто за нив. Начинот на кој им пристапуваме на луѓето и начинот на кој ги доживуваме е наш личен став, не е објективен. Можеби некои постапки ве асоцираат на нешто од минатото, можеби имате предрасуди кои влијаат на вашата перцепција.rnrnКога чекате негде ред ќе забележите дека има луѓе кои тоа сосема нормално го прифаќаат, а можеби имаат и повеќе обврски од другите, и личности кои се многу нервозни, се бунат и реагираат. Иако обете реакции се поврзани со чекање, начинот на кои личностите реагираат говори многу за нив, а не за проблемот со чекањето.rn

9. Емотивните одлуки ретко се добри

rnВоглавно одлуките донесени во изразено емотивна ситуација не се добри. Тогаш луѓето тешко ги согледуваат фактите, па реагираат импулсивно и емотивно. Посебно кога се работи за работа, немојте да дозволите емоциите да влијаат на вашата интелигенција, ниту да ја засенат објективната состојба на работите.rn

10. Никогаш нема да бидете 100% спремни за приликите кои се пред вас

rnМора да знаете кога сте доволно спремни да преземете некои обврски, но не чекајте да бидете целосно спремни. Чекањето на совршениот момент може да биде подеднакво лошо како и нечекањето на погодниот. Но, тоа не значи дека треба да прифатите сè што е пред вас без малку да размислите, бидејќи не знаете дали и кога ќе се појави подобра прилика. Најважно е да процените дали приликата е доволно добра, односно дали сте вие доволно спремни за неа.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.