КАФЕ ПАУЗА

Скорпија и скорпија – љубовна комбинација

Скорпија и скорпија – љубовна комбинација

Кога две скорпии се заедно, тие креираат една жестока, бурна, страсна и интензивна љубовна врска. И двајцата се опседнати еден со друг и настојуваат нивната љубов, секс и романтика постојано да напредува, што на другите отстрана може да им изгледа будалесто. Сексуалната енергија помеѓу нив е многу интензивна, а интензивни се и нивните кавги. Оваа љубовна врска може да отиде во два правци: или ќе биде најубава на свет или ќе биде уништувачка за двајцата.Скорпија и скорпија – љубовна комбинацијаРомантичниот спој на две секси скорпии може да го извлече најдоброто од  нив. Тие ќе ја искористат нивната емоционална и интуитивна природа, за длабински да го љубат својот партнер. Решителноста и страста на двете скорпии, ќе ја одржуваат нивната врска цврста. Најмоќните и најзаканувачки надворешни сили, ќе имаат тешкотија да ја попречат среќата на неразделивиот  пар. Доколку партнерите успеат да ги скротат своите жестоки карактери, овој моќен пар може да биде фантастичен.rnrnПланетите Марс и Плутон управуваат со скорпиите. Марс е античкиот бог на војната, кој е секогаш спремен за напад, благодарение на неговата страст, борбеност и храброст. Плутон ја контролира моќта на скорпијата, како и нејзината тенденција кон самоуништување и вербата во преродбата на човекот после смртта. Овие две планети во комбинација, им овозможуваат на скорпиите да се оправат после разочарувањата во текот на животот или трагичните загуби. Тоа е многу значајно за скорпијата бидејќи таа навистина има интензивни чувства и придава големо значење кон загубата на важни, но и на неважни работи.rnrnСкорпијата е воден знак, па првиот инстинкт на партнерите во оваа љубовна врска, е страсно, ревносно, од длабочината на своето срце да ја возвратат љубовта на својот љубен. Доколку скорпијата реши целосно да ги изрази своите чувства кон љубениот, тоа никогаш не го прави половично, туку напротив – сака со целото свое срце. Пожелно за оваа љубовна комбинација е партнерите да ја урамнотежат нивната одмаздољубива природа, со тоа што ќе се радуваат на успесите и убавите моменти поминати заедно и брзо ќе ги забораваат неубавите работи. Скорпиите мораат да научат да опростуваат и забораваат и искрено да му кажат на својот партнер што сакаат, како се чувствуваат, што им е потребно…rnrnСкорпиите не смеат да заборават дека потиснувањето на нивните емоции може да биде многу штетно за нивната врска, на начин што едниот партнер ќе ги придушува фрустрациите во себе, а другиот ќе се чувствува збунето, прашувајќи се што му се случува на првиот. Бидејќи и двајцата во оваа врска се многу посветени и предани љубовници, љубомората е неизбежна. Совет: бидете цврсти, храбри скорпии и надминете ја препреката со заеднички сили. Во овој пар, никогаш не се случува да има дефицит од идеи, бидејќи скорпиите не се мрзливи луѓе. Тие сакаат постојано да се активни и можат да достигнат големи работи во комбинација. Овие партнери делат талент за инвестиции и преземање ризици, кои се однапред пресметани. Скорпионскиот пар темелно ќе ја истражува и анализира секоја идеја која им се допаѓа. Кога овој пар ќе „фрли око“ на некоја награда (достигнување), тоа постанува нивно.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е интензитетот на љубовни емоции кои овие партнери можат да ги почувствуваат. Тие се ориентирани кон своите цели, а нивната моќ ги прави неспоредливо и непобедливо дуо. Апсолутната верност и посветеност, ја осигуруваат долготрајноста на оваа врска.