Дали се храните правилно? Оваа едноставна нутриционистичка чинија е потсетник на фундаменталните вредности на здравата исхрана. Чинијата може да се најде во три вида и тоа диетална, нормална и обилна.rn
Сите овие видови чинии имаат различни пропорции, според потребите на луѓето. На опачината на чинијата се наоѓа легенда, која ги објаснува боите и полињата на кои таа е поделена. Како на пример, зеленото поле означува зеленчук, а розовото, протеините кои треба да го сочинуваат оброкот. Овој продукт е создаден од Хафштајн Јулиусон во соработка со Жоана Паис, за потребите на неговата фирмата „HAF“.






Нутриционистичка чинија
