Без разлика дали некој ја одбил вашата покана за состанок или не сте успеале да направите нов бизнис договор, одбивањето може да биде навистина болно. Без разлика како го гледате, навистина боли кога другите ќе ви свртат грб. Одбивањето влијае на вашата самодоверба, па сигурно ќе се сомневате во себе по ваков настан.rnrn
rnrnНе постои магичен трик за справување со одбивањето. Сепак, постојат трикови што ќе ви помогнат да го направите справувањето многу полесно.rnrnТрикот не е да ги следите вашите резултати, туку бројот на одбивања. Кога ќе ги претворите одбивањата во игра со броеви („Ми требаат 99 одбивања за да добијам потврден одговор“), ќе почнете да го гледате одбивањето како мерка за продуктивност и напредок.rnrnОва е едноставна промена, а вашата перспектива и начинот на којшто размислувате може да направи огромна разлика.rnrnНема секогаш да знаете колку одбивања ќе ви требаат за она што сакате да го направите. Но можете да го користите трикот за собирање податоци и потоа да го откриете бројот, односно колку одбивања сте доживеале додека да добиете потврден одговор, или можете да претпоставите, да видите како функционира со одреден број и оттаму да се прилагодите.rnrnПа, ако барате состанок, дајте си задача да поканите одреден број луѓе. Ако сте на интервју за работа, претпоставете колку луѓе се интервјуирани, па потоа испратете резиме на толку работни места.rnrnСе разбира, нема потреба да го знаете точниот број. Целта на овој трик е што оваа перспектива ви го менува мислењето за одбивањето и ве охрабрува.rnОва ќе ви помогне да преземете нешто бидејќи ќе знаете дека резултатите ви се на дофат.rnrnБез разлика што се обидувате да направите, сепак треба да се соочите со одбивање и да излезете надвор. Нема друг пат. Со користењето на овој трик ќе ја отстраните емоционалната напнатост која доаѓа со одбивањето и ќе се фокусирате на успехот.rnrnДознајте и како да го побарате и добиете она што го сакате.
Едноставен трик за справување со одбивањето
