Дали сте зафатена личност на која приоритет ѝ се работата и семејството, но сакате да најдете повеќе слободно време за себе? Па, најпрво треба да знаете дека тоа е возможно. Сѐ што треба е да ги применувате овие два совети!rnrn
rn
1. Бидете ефикасни во сѐ она што го правите
rnСекогаш треба да се прашате себеси: „Кој е најдобриот начин да го направам ова?“ Фокусирајте се на она што има најмногу смисла, а избегнувајте работење повеќе задачи одеднаш, затоа што на тој начин би ви се одвлекло вниманието и нема да направите ништо добро. Со цел да бидете поефикасни, исто така треба да се фокусирате и на едноставноста. На пример, кога подготвувате вечера, треба да изберете оброци кои се подготвуваат брзо и кои веќе ги имате претходно подготвувано, па знаете по кој ред се додаваат состојките, а и нема да ви треба рецепт или вага.rnrnОва важи за сите останати работи. На пример, ако имате 3 минути слободно време, исчистете ја бањата (да, таа може да биде исчистена за 3 минути). Потоа, ако треба да однесете некои работи надвор во дворот, обидете се да земете што е можно повеќе. Почнете да размислувате на ваков начин и да си ги поставувате прашањата: Кој е најефикасниот ред да ги преземете нештата за да бидат завршени? Што можете да направите најпрво, при што ќе си ги олесните и другите задачи?rn
2. Управувајте со вашето време, не дозволувајте тоа да управува со вас
rnРазмислете за тоа како навистина ќе го искористите вашето време, а најдобро е да ги запишете дневните и неделните задачи. Како изгледа вашиот распоред? Како сакате да изгледа? Размислете за ова пред да додадете уште обврски на вашата листа. Ако сакате да вежбате, но сметате дека немате време, размислете околу тоа. Имате 3 опции: Пред, за време на или после работата.rn
- rn011
- Пред работата. Можете ли да станете порано? Како тоа ќе влијае на вашиот целокупен ден? Дали некој од вашите блиски може да се погрижи за децата? Дали сепак ќе спиете онолку колку што сакате?
- За време на работата. Дали постои место каде што можете да вежбате? Дали можете да ја искористите паузата за да одите да вежбате? Дали имате теретана во близина? Дали тоа ќе влијае на вашето расположение?
- После работата. Можете ли да го правите тоа откако ќе завршите со работа? Дали сте во можност да задоцните дома половина час? Дали можете да вежбате во домашни услови?
rn011
rn011
rn
rnПоставете си ги овие прашања и користете ги одговорите за да одлучите во кој дел од денот ќе ја вклучите активноста. Потоа, испробајте и проверете дали тоа ви одговара, ако не, преиспитајте што би можело подобро да функционира. Всушност, тука станува збор за како да направите поефикасен распоред. Не правете ги работите во одредено време, само затоа што тоа сте го практикувале подолг период. Можеби мислите дека ви се допаѓа да вежбате во утринските часови, но пробајте да повежбате и за време на вечерите за да дознаете дали тогаш повеќе ќе ви одговара. Не можете буквално да додадете време во вашиот ден, но можете да одлучите како ќе го поминувате тоа време и да го искористите најдобро што можете.rnrn
rn
Што ќе се случи кога ќе почнете да управувате со вашето време?
rnТогаш ќе почнете посериозно да го сфаќате вашето време за одмор и нема да седите половина час гледајќи ги најновите објави на Фејсбук, само затоа што ви е досадно. Ако одредите тоа време да го поминете со вашите најблиски, тогаш ќе сакате да го искористите што е можно подобро. Одлучете кој период ќе се посветите на вашето семејство и обидете се да го искористите времето најдобро што можете, па и да го живеете животот што го сакате. Само вие можете да управувате со вашето време!