КАФЕ ПАУЗА

Драги жени, вие сте убави

Драги жени, вие сте убави

Written by

in

,

Драги жени, се надеваме дека ова утро ќе се разбудите и ќе му се насмеете на вашиот одраз во огледалото. И тоа не затоа што сте совршени, не затоа што сте сфатиле сè и вашиот живот е среден, не затоа што никогаш не правите грешки, туку затоа што ќе сфатите дека не постои ниту една единствена душа на Земјата која изгледа, размислува, чувствува и љуби како вас.rnrnДраги жени, вие сте убавиrnrnА тоа е прекрасно.rnrnЛицето кое гледа во вас можеби има дамки. Кожата може да е со брчки, изморена, бледа. Може да има мозолчиња, гребнатини, лузни. Може да има темни кругови околу вашите очи или пак остатоци од вчерашната шминка. Може да има тага која зборува зад вашата насмевка.rnrnМожеби не го сакате она што го гледате, и тоа е во ред. Животот е бескрајна битка за љубовта кон себе, патување за наоѓање и редефинирање себеси. И без разлика дали успевате или не според стандардите на светот, тоа не ја одредува вашата вредност.rnrnВие нема да го прославувате секој момент, нема постојано да зрачите со самодоверба и радост, а ова не значи дека ги немате тие работи, тоа значи дека сте човек. Она што е важно е дека ќе продолжите да се движите, да се обидувате, да верувате дека заслужувате љубов бидејќи тоа е вистина.rnrnНесовршеноста нема да го промени тоа.rnrnМожеби сте високи или ниски, слаби или со облини, диви или нежни, сингл или во врска. Но ова се само описи, тие не кажуваат кои сте. Без разлика дали сакате да пеете или уживате во градинарство, камиони или лакирање на вашите нокти, ова се работите кои ве прават вас. Но тие не ја дефинираат личноста којашто сте.rnrnДраги жени, се надеваме дека кога ќе се облечете се чувствувате удобно наместо да размислувате што би сакал некој друг. Се надеваме дека правите фотографии (или не) без постојано да се споредувате со други луѓе на екранот. Се надеваме дека готвите или цртате затоа што сакате, без разлика што ви вели некој. Се надеваме дека знаете да се третирате како пријател, пријател кој го тешите и охрабрувате бидејќи знаете колку сте неверојатни.rnrnСе надеваме дека ќе престанете да им дозволувате на неуспешните врски да ве дефинираат. Се надеваме дека знаете дека начинот на кој ве третира некој не треба да ви стане белег. Се надеваме дека ќе се ослободите од луѓето кои прават да се чувствувате како да не сте доволно вредни. Се надеваме дека си кажувате позитивни зборови сè додека не почнете да верувате во нив.rnrnВие сте вредни. Вие сте сакани. Вие сте силни.rnrnДраги жени, се надеваме знаете дека убавината не е нешто што може лесно да се дефинира. Убавината се наоѓа во начинот на кој се смеете, начинот на кој ги следите вашите страсти, начинот на кој ширите љубов, начинот на кој работите напорно и не се откажувате дури и кога не сакате.rnrnМожеби нема да успеете, можеби ќе се скршите, можеби ќе направите грешка, ќе изгубите работа, ќе имате неуспешен брак, ќе ви го скршат срцето. Но, ниту едно од овие нешта не се вашиот идентитет.rnrnТокму ова ве прави убави. Фактот дека нема ниту една личност на планетата која е како вас – несовршена, комплексна, несредена, прекрасна.rnrnПрочитајте ги и овие моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат!