КАФЕ ПАУЗА

Дозволете им да си заминат на луѓето коишто сакаат да си одат од вашиот живот

Дозволете им да си заминат на луѓето коишто сакаат да си одат од вашиот живот

Дозволено ви е да ги пуштите да си заминат партнерите кои решиле да ви раскинат. Дозволено ви е да ги блокирате и да ги фрлите фотографиите што ви будат чувства на носталгија. Дозволено ви е да ги заборавите, колку и да е тоа болно.rnrnДозволете им да си заминат на луѓето коишто сакаат да си одат од вашиот животrnrnНишто не им должите повеќе. Не мора да им бидете најдобри пријатели, па дури ни познаници. Не мора да ги следите на социјалните мрежи. Не мора да правите ништо за нив. Сега смеете да ја тргнете ознаката од фотографиите на Фејсбук. Смеете да кликнете на копчето „отследи“. Не мора да комуницирате со нив никогаш повеќе. Најверојатно ќе ве боли уште повеќе доколку продолжите да контактирате.rnrnНемате обврска да им давате ништо. Тие се откажале од вас. Готово е. Раскинавте. Љубовта исчезнала. Не треба да ја враќате назад во живот.rnrnНе мора да разговарате со нив кога ќе ви се јават и ќе ве молат да се смирите. Тоа не значи дека сте бесчувствителни. Не значи дека сте лоша личност. Не значи дека ги мразите. Тоа само значи дека конечно сте решиле да се грижите за себе. Мора да го правите она што е најдобро за вас. Мора да го правите она што е најдобро за вашето ментално здравје и разум.rnrnДозволено им е да ви се налутат. Дозволено им е да мислат што сакаат. Но, тоа не значи дека треба да паднете на нивно ниво. Не мора да ги барате. Не мора да им одговарате и не мора никогаш повеќе да ги видите нивните лица. Дозволено ви е да правите сѐ што е потребно за да го излечите вашето скршено срце и не мора да се извинувате поради тоа.rnrnДозволено ви е да бидете најдобри пријатели со самите себе. Не мора да им одговарате на луѓето кои имаат ниско мислење за вас. Можете да престанете да комуницирате со луѓето коишто порано сте ги сакале. Треба да престанете да ги барате оние кои ве повредиле толку многу.rnrnСѐ е во ред. Дозволено ви е да заздравите и да си го посветите целото време на светот. Мора да го направите она што е најдобро за вас. Мора да направите сѐ што е потребно за да ја преболите личноста којашто ве повредила. Мора да продолжите понатаму. Мора да се ослободите од болката и сите сеќавања што ве прогонуваат во соништата.rnrnНикогаш не се извинувајте поради овие работи. Не се извинувајте поради тоа што сте се грижеле за себе. Не се ставајте себеси на последно место. Што ако ви се налутат вашите поранешни партнери? Постои причина зошто се поранешни, се согласувате?rnrnДозволете им да заминат. Посакајте им сѐ најдобро. Кажете им збогум. Прекинете ја комуникацијата. Излечете го вашето повредено срце. Никогаш не се извинувајте поради тоа што се сакате себеси. Не се извинувајте поради тоа што се грижите за себе онака како што тие никогаш не се грижеле за вас.rnrnВо продолжение прочитајте зошто ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот, ако продолжите да мислите на оние кои си заминале.