КАФЕ ПАУЗА

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

Без разлика дали станува збор за станбен или за деловен простор, ќе се согласите дека поткровјето е специфично и посебно, но адаптацијата и уредувањето на таквиот простор е вистински предизвик. Деталите се од големо значење ако сакате максимално да го искористите просторот и да го направи функционален.rn

1. Погрижете се за изолацијата на станот

rn5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјетоrnrnПри уредувањето на поткровјето, потребно е да се погрижите за инсталирање многу добра топлинска изолација бидејќи овој дел има еден голем недостаток – топло во лето и ладно во зима.rnrnКвалитетната топлинска изолација прави чуда и навистина не треба да штедите на тоа. Истото важи и за столаријата: ставете квалитетни прозорци бидејќи тие значително влијаат на топлинските својства на зградата и на самиот простор.rn

2. Светлина

rn5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјетоrnrnОвозможете колку што е можно повеќе светлина – дозволете му на сонцето да влезе во станот, а ноќе погледот на ѕвезденото небо ќе ви биде најубавиот начин за одмор. Исто така, треба да имате и квалитетна заштита од сонце.rn

3. Каде да ги чувате сите работи

rnrnrnПросторите на поткровјето имаат многу помала употребливост во однос на становите со рамен таван. Вие треба да го претворите тој недостаток во предност.rnrnВградените плакари се едно од најдобрите решенија. Можете исто така да си поиграте со уредувањето на детската соба и да дизајнирате сопствен мебел со многу простор за складирање на детските играчки, а во исто време да создадете имагинарен свет за децата. Кренете го креветот на повисоко ниво од подот и просторот под него искористете го за нешто друго.rn

4. Галерија

rn5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјетоrnrnНаправете уште едно ниво под самиот покрив кој ќе можете да го искористите како библиотека, работен простор или спална соба.rn

5. Комбинација на бои

rn5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјетоrnrnБојата е субјективна работа. Сепак, поткровјето е простор каде што нема многу светлина, па имајте на ум дека посветлите бои визуелно ќе го зголемат и ќе го прошират просторот.rnrnАко имате повеќе прозорци ќе имате многу повеќе светлина и просторот ќе изгледа поголем, а со употреба на посветли и посвежи бои ќе го подобрите целиот визуелен впечаток.rnrnНо, ако сакате потемни бои, не двоумете се. Кажете им ги вашите идеи и желби на експертите и организирајте го просторот за живеење според вашите желби.rnrnПогледнете како тапетите може да го трансформираат изгледот на која било просторија.