Барем еднаш во животот сме помислиле како би било добро да сме си свои газди и самите да ги креираме нашите работни часови, денови и обврски. Сите ние им завидуваме на директорите кои се толку успешни и едноставно нема потреба повеќе да се грижат за ништо. Но, дали е тоа за секого и дали вие реално би можеле да се впуштите во самостојното работење?
Претприемачите се посебна група луѓе. Тие се одлучни, бидејќи честопати невозможното го претвораат во возможно. Тие гледаат шанса онаму каде што другите гледаат проблем. Претприемачите размислуваат и работат поразлично. Веруваат во себе и во своите идеи. За да бидете успешни или пак, доволно храбри да станете претприемачи, морате да имате одреден склоп на особини. Ако некогаш сте се запрашале дали сте природен претприемач, прочитајте ја нашата листа. Можеби не ги поседувате баш сите овие особини, но ако се пронајдете во повеќето од нив тоа е доволен показател дека би можете да се испробате во претприемачките води.rn
1. Имате голема самодоверба, оптимистични сте и верувате во себе, во вашите идеи и способности
rnТоа е една од основните карактеристики на претприемачите, бидејќи како инаку би ги пласирале вашите идеи и би ги навеле другите да ви веруваат ако вие самите не верувате во себе.rn
2. Страсни сте и никогаш не се окажувате
rnУште кога сте биле мали сте биле упорни во достигнувањето на вашите цели. Подготвени сте да се посветите максимално и да дадете сѐ од себе за да продолжите понатаму, дури и ако не гледате заработка.rn
3. Комуникативни сте и лесно создавате познанства
rnВо состојба сте да се поврзете со луѓето и да ги пласирате вашите идеи и работни планови. Симпатични сте и шармантни и поради тоа сте опкружени со многу луѓе. Исто така, главно се опкружувате со квалитетни луѓе кои може да ве унапредат во некоја смисла.rn
4. Како вработени најчесто едвај се снаоѓате и можеби повеќе пати сте добиле отказ
rnТоа е често кај луѓето кои се родени да бидат претприемачи. Една од причините е проблемот со авторитетот, како и фактот дека се чувствувате посигурно кога вие ја имате контролата над работите, а не вашиот шеф.
rn
5. Имате развиен натпреварувачки дух, но знаете да прифатите и пораз
rnСекогаш сте спремни за напредок и подобрување. Поради тоа и критиката ја прифаќате како совети и начини да извлечете поука иако понекогаш не го покажувате тоа пред оние кои ви ја упатиле критиката.rn
6. Работното време не го броите во часови, бидејќи работата е вашиот живот
rnНа одмор, во домот, каде било… Вашата работа е секогаш со вас. Поради тоа претприемачите најчесто не можат да ги избројат работните часови. Повеќе не звучи така гламурозно, зар не?rn
7. Гледате прилики насекаде околу вас
rnРазмислувате логично и секогаш со идеја како да ги решите проблемите и ситуациите. Не се плашите од ризик и ги прифаќате предизвиците.rn
8. Ги следите случувањата околу себе и секогаш сте во тек со големите претприемачи и нивните совети за градење работа
rnВашите идоли се можеби Стив Џобс, Бил Гејтс или Марк Закерберг – да, и тие само мислеле на својата работа и како да ја развијат и поради тоа дури ги напуштиле и своите факултети.
rn
9. Некогаш сте нереални или можеби само така им звучите на другите
rnИноваторите честопати се доживувани на тој начин. Тие размислуваат пошироко од останатите и имаат оригинални идеи.rn
10. Покрај добрите идеи, вашиот труд е секогаш неколку чекори понапред
rnГо испитувате пазарот, размислувате колку нешто би било исплатливо и уште пред да почнете со остварување на целта, веќе знаете како да ги привлечете посакуваните клиенти.
Ако се пронајдовте во повеќе од пет точки на оваа листа, тогаш сте достигнале подалеку од поголемиот дел од луѓето во своето опкружување. Можеби не размислувате постојано за ова, но ако чувствувате дека длабоко во себе ве копка некоја замисла за работна самостојност најверојатно дека тоа во даден момент ќе исплива на површината. Иако звучи примамливо, сепак не е сѐ само мед и млеко. За да се качите до врвот, морате да поминете долг и макотрпен пат, а за да останете на врвот морате постојано да се држите цврсто. Тоа значи дека и оние кои успеале не седат само на плажи и уживаат, туку работат со полна пареа. Бидејќи за претприемачите работата не е само од 9 до 17 часот, туку начин на живеење.
Прочитајте ги и овие 13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа!

