КАФЕ ПАУЗА

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

Written by

in

,

За да бидете претприемач потребно е зад себе да имате некој претприемачки потфат, но може да бидете претприемач во душа кој сè уште не собрал храброст да го стори тоа и да се нарече така. Ако се сомневате дека припаѓате на овие вторите, поседувањето на повеќето од овие 13 карактеристики ќе значи дека сте во право, барем според успешната на ова поле – Барбара Коркоран.rnrn13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоаrn

1. Преземате акција брзо и без детален план

rnПретприемачките чекори значат неизвесност. Деталниот бизнис план си има свои предности, но може да ја ограничи можноста за брза адаптација на непредвидени прилики. Вистинскиот претприемач има само концепт на делување, а потоа презема акција согласно моменталната ситуација.rn

2. Несигурни сте

rnСпоред Коркоран оние кои се несигурни, но и покрај тоа преземаат акција имаат најголеми шанси да успеат затоа што се повеќе фокусирани од оние кои се пресамоуверени. Всушност, многу од успешните претприемачи биле несигурни кога ги правеле најуспешните потези.rn

3. Знаете да го искористите тоа што го имате

rnДобриот претприемач нема да се жали дека му недостасува ова или она за да започне бизнис, туку ќе го искористи тоа што го има и ќе оди чекор по чекор кон успехот. Ако и за другите работи во животот „играте“ со тоа што имате, наместо да се жалите, вие го имате вистинскиот карактер.rnrn13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоаrn

4. Барате прошка, а не дозвола

rnИзреката дека треба да барате прошка, а не дозвола значи дека подобро е да дејствувате, па потоа да ги исправате грешките ако воопшто настанат, отколку да чекате за сечија согласност и да го пропуштите моментот кога требало да сторите нешто.rn

5. Не се плашите

rnПретприемачите не се плашат, туку се најголемите оптимисти на светот. Таму каде што сите гледаат ризик од некакви загуби, тие го гледаат потенцијалот да се добие нешто. Не се плашат да ризикуваат многу за да добијат многу.rn

6. Не можете да седите мирни

rnОние кои се осмелуваат да преземат ризични економски потфати обично не можат да седат мирни. Нив ги обзема еуфорија и се многу возбудени кога ќе се зафатат со нешто. Секогаш се нестрпливи да дојде моментот кога ќе можат да го преземат следниот чекор.rnrn13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоаrn

7. Приспособливи сте

rnАко само еден можен исход е прифатлив за вас, шансите за успех ќе ви бидат мали. Приспособливоста на различни ситуации во животот и резултатите кои следуваат после нив е добра предиспозиција за бавење со бизнис.rn

8. Попустливи сте кон себеси

rnМора да знаете да си простите во ситуациите во животот кога губите одредени битки. Прекумерната самокритичност е нешто кое само ќе ви наштети. На крајот на краиштата, некои битки треба да се предадат за да се добие војната.rn

9. Предизвиците ве мотивираат

rnАко не сте од оние кои бегаат пред предизвиците и оставаат некој друг да се справи со нив, туку тоа го правите сами затоа што ви е предизвикувачки и забавно, вие имате потенцијал за претприемачки успех.rnrn13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоаrn

10. Се сметате себеси за аутсајдер

rnПретприемачите не се секогаш добро прифатени од околината затоа што на работите гледаат поразлично од другите. Ако и вие сте аутсајдер тоа може да биде добар знак доколку е поврзано со тоа да ги гледате можностите таму каде што никој друг не умее да ги види.rn

11. Брзо се опоравувате од падовите

rnИзреката дека мачката никогаш не паѓа на грб треба да важи и за вас. Затоа што во бизнис светот ве чекаат многу падови и станувања.rn

12. Ги препознавате потребите на луѓето

rnСекој може да препознае дупка на пазарот која треба да се пополни со некој нов производ или услуга, но само вистинскиот претприемач гледа можности за поправање на местата каде што нема дупки. Ако имате претприемачки дух, вие веќе знаете да согледате дека одредени потреби во одредена сфера од животот можат да се задоволат и на друг поефикасен начин. Од тоа може да се направи бизнис.rn

13. Сакате да примате совети

rnЗнаете да препознаете некој кој има повеќе познавања од вас во некоја област и не се плашите да побарате совет од такви личности. И не се плашите од нивната критика. Не сакате луѓе кои постојано ќе ви климаат со главата и ќе ви велат дека сте најпаметни.