Многу луѓе не се снаоѓаат пред камера и не знаат како да го контролираат нивното тело. Поради тоа, направените слики и снимки изгледаат неприродно и здодевно. Затоа, пронајдовме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да направите совршени фотографии кои ќе ги обожувате.rn
1. Природен изглед: Потсетете се на стари емоции
rnСекоја емоција предизвикува одредена мимика, но кога глумиме емоции за фотографирање, честопати изгледаме смешно, а понекогаш и глупаво. Пробајте да се опуштите и да го почувствувате моментот, исто како кога сте поминувале низ некои одредени чувства. Тогаш вашиот изглед ќе биде најприроден.rnrn
rn
2. Опуштен изглед: Потпрете се на стабилна површина
rnАко се потпрете на хоризонтална површина, може да добиете многу интересна фотографија. За да создадете опуштен изглед, потпрете се на ѕид со грбот, рамениците или колковите.rnrn
rn
3. Забавен изглед: Рацете во кадар
rnНе заборавајте дека рацете се исто така многу важни – ако прстите ви се премногу раширени, тогаш сликата ќе изгледа лошо. За положбата на рацете да изгледа природно, пробајте да симулирате диригирање. Виткањето на зглобот треба да биде релаксирано затоа што тој е продолжение на самата рака.rnrn
rn
4. Продорен поглед: Дајте ѝ длабочина на фотографијата
rnПонекогаш очите кажуваат многу повеќе отколку зборовите. Погледот треба да го пренесе општото расположение на фотографијата. Пробајте да го спуштите погледот надолу, а потоа бавно да го подигате кон камерата. Смешните будалести пози пак, ќе ви помогнат да се релаксирате. Овој тип фотографии најчесто е најприроден.rnrn
rn
5. Будалест изглед: Експериментирајте со разни гестови и мимики
rnСмешните будалести пози пак, ќе ви помогнат да се релаксирате. Овој тип фотографии најчесто е најприроден.rnrn
rnrnАко обрнете внимание на овие совети, вашите фотографии секогаш ќе изгледаат одлично. Не плашете се да експериментирате со мимиките затоа што емоциите помагаат при откривање на нови аспекти од вашата личност. Како што ги истражувате сите можности, така поголеми се шансите да пронајдете поза која ќе ви одговара.
