Дознајте кои се 3-те најчести фитнес грешки и избегнете ги!

Сподели

Тренерите ширум светот, кои секојдневно работат со различни клиенти, се согласија дека овие 3 грешки нè спречуваат да ја достигнеме идеалната тежина. Дознајте кои се тие и обидете се да ги избегнувате, ако се одлучивте да ослабете.

Реклама

rn

1. Ненадејна промена на навиките

rnПретерувањето со тренинг или претерано строгиот режим на исхрана се нешта за кои најпрво се одлучуваме кога сакаме да ослабиме. Фитнесот и здравата храна се пријатели на витката линија, но не треба да претерувате со нив. Особено ако не ви одговараат и се мачите себеси, наместо да уживате во здравите навики и килограмите кои се топат. Не претерувајте со вежбите на почетокот, до идеалната линија се стигнува пополека.rn

2. Нетрпеливост

rnМора да се помирите со фактот дека слабеењето е долготраен процес, па затоа трпението е клучот за успех. Меѓутоа, зошто воопшто да започнете фитнес патување ако не планирате да го продолжите долгорочно? Дури и ако во првиот месец го добиете телото од вашите соништа, а потоа се откажете – веќе следниот месец ќе се вратите на старо. Ако работите на почетокот не излезат така како што сте ги замислиле – не откажувајте се.

rn

3. Повторување

rnСо честото вежбање паѓаме во рутина и ги повторуваме истите вежби. Најдобар пример за тоа е лентата за трчање – ако секој ден трчате по 3 километри, секој пат кога ќе ги истрчате вашето тело станува малку појако, малку побрзо и всушност му станува полесно. Тоа значи дека секој нареден пат кога ќе истрчате 3 километри вашето тело ќе согори помалку калории, бидејќи вежбата секој пат му станува полесна. Морате постојано да го предизвикувате вашето тело и со тоа да станете најдобрата верзија од себе – сè додека не ги постигнете вашите цели.

Популарно

Може ќе ве интересира