Дали и вас ве мачи тоа што откако ќе ја бојадисате вашата коса, за неколку дена бојата почнува да избледува и паѓа и вашата коса повторно изгледа како да е подготвена за ново бојадисување? Секако, не треба да ја бојадисувате вашата коса почесто од еднаш месечно заради тоа што на тој начин таа со брзината на светлината ќе се исуши, краевите ќе се уништат и испукаат, а исто така ќе почне да се мрси по целата должина и да опаѓа.rnrnВистина е дека при изборот на бојата за коса клучна улога игра и цената, а за да не банкротирате и да плаќате фризерски услуги кои не може да си ги дозволи секој, ние денес ви откриваме како да го продолжите животот на вашата боја за коса, односно како таа да трае подолго откако ќе ја бојадисате.rnrn
rn
1. Избегнувајте секојдневно миење на косата
rnТоа секако не значи дека треба да одите со мрсна коса, но обидете се да ја миете најмногу три пати неделно, а при миењето да не ја триете премногу, особено на темето. Ако вашата коса премногу често се масти, тогаш користете шампони за суво миење на косата. За бојата да трае подолго, одличен избор е благиот шампон кој не содржи сулфати.rn
2. Немојте да ја миете косата со врела вода
rnВрелата вода ја суши косата на темето, а во исто време прави и бојата да избледува. Најдобро би било да ја миете со ладна вода, но ако не можете да издржите, млаката вода е секако подобра опција од жешката.rnrn
rn
3. Не претерувајте со апаратите за стилизирање
rnИзбегнувајте користење на апарати за стилизирање кои работат на принцип на топлина, седум дена после бојадисувањето. Фенот, пресата, фигарото и другите апарати за стилизирање всушност го забрзуваат процесот на измивање на бојата.rn
4. Користете шампон за бојадисана коса
rnДенес со причина постојат шампони за бојадисана коса, за русокоси, бринети и црвенокоси. Шампонот за бојадисана коса ќе ја третира бојата на вистинскиот начин, а доколку имате црвен подтон на коса кој упорно избива, користете шампон и регенератор за бојадисана коса на база на виолетова боја. Тие ќе ги ублажат портокаловите тонови кои ве нервираат.rnrn
rn
5. Користете маска за коса
rnХемикалиите кои се наоѓаат во фарбите обично ја оштетуваат и сушат косата, па затоа ѝ е потребна соодветна нега. Еднаш неделно нанесувајте маска која длабински ја храни и регенерира косата. Косата ќе се опорави од бојадисувањето, но и бојата подолго време ќе се задржи на вашата глава.rn
6. Не ги заборавајте производите со заштитен фактор
rnПроизводите кои содржат заштитен фактор од сонце не се наменети само за кожата, туку и за косата. Сонцето, исто така, лошо влијае на бојата, бидејќи и самите знаете дека после една недела помината на море, вашата коса е по правило посветла. На косата задолжително нанесувајте заштитен спреј без разлика на годишното време.