Добро утро: Оригинални предлози за здрав појадок

Сподели

rn

Реклама

Појадок за 5 минути

rnСите ние живееме брзо и немаме време да се посветиме на себе, на здравиот живот и на правилната исхрана, а таа е многу важна за секого од нас. Најверојатно секое утро кога ќе се разбудите се запрашувате „Што да појадувам?“. Бидејќи сте во брзање, се подготвувате за на работа и за активностите кои ве очекуваат во текот на денот, па немате време да се посветите на исхраната. Но, ако издвоите само 5 минути секојдневно, ние ќе ви понудиме неколку предлози за вкусен и здрав појадок.

Смудито е хранлива напивка, која доаѓа директно од блендерот. Тоа е и лесен и едноставен начин за да не постојат повеќе изговори дека не јадете овошје и зеленчук кои не се термички преработени. Предноста на овој вид појадок е во тоа што можете да експериментирате, без можноста да погрешите бидејќи можете да го прилагодите според вашиот сопствен вкус. Неопходни работи за да направите смуди се: блендер, неколку производи кои сигурно веќе ги имате во вашата кујна и 5 минути! Погледнете неколку идеи:rn

Спанаќ и брокула

rnВо блендерот ставете:rn

    rn011

  • Спанаќ
  • rn011

  • Брокула
  • rn011

  • Киви
  • rn011

  • Јаболка
  • rn011

  • Ѓумбир (помало парче)
  • rn011

  • 200 милилитри вода
  • rn

Јаболка и ананас

rnВо блендерот ставете:rn

    rn011

  • Половина банана
  • rn011

  • Ананас
  • rn011

  • Јаболка
  • rn011

  • Праска
  • rn011

  • Ѓумбир
  • rn011

  • 150 милилитри вода
  • rn

Праска и морков

rnВо блендерот ставете:rn

    rn011

  • Праска
  • rn011

  • Јаболка
  • rn011

  • Морков
  • rn011

  • Целер
  • rn011

  • Половина лимон
  • rn011

  • 150 милилитри вода
  • rn

rnВо секое смуди можете да додадете јаткасти плодови (ореви, бадеми) а ние ви препорачуваме од една до две лажички ленено семе, лажичка мед и лажичка цимет.

Муслите се појадок кој се спрема за 5 минути, а е многу хранлив, здрав и прави да се чувствувате сито. Тоа што сакаме да го нагласиме е дека не треба да купувате готови, веќе спремени комбинации од разни чоколадни и овошни мусли, бидејќи тие се преполни со шеќер и воопшто не се здрави. Отидете во најблиската продавница за здрава храна и купете ги следниве производи:rn

    rn011

  • Овесни или пченични снегулки
  • rn011

  • Сончогледови семки
  • rn011

  • Ленено семе (препорачуваме сомелено)
  • rn011

  • Суво овошје (грозје, смокви…)
  • rn011

  • Половина банана, мед, кефир, (може млеко, јогурт)
  • rn011

  • Јаткасти плодови по сопствен избор
  • rn

rnВо чинија ставете овесни или пченични снегулки, додајте сончогледови семки, ленено семе, суво овошје по избор, лажичка мед и исечкана банана. Овие состојки можете да ги прелиете со млеко по избор, јогурт, а ние ви препорачуваме и кефир – еликсирот на младоста.

Популарно

Може ќе ве интересира