Според „LinkedIn“, најбараните 10 вештини за 2016-та година горе-долу биле поврзани со развивање на технологијата. Некои од тие вештини се: анализа на податоците и презентации, веб архитектура и развој на програми, но исто така се барани и вештини како што се водство и менаџирање, преговарачки способности, менаџмент на човечки ресурси, маркетинг експерти и слично. Сепак, некои предвидувања откриваат дека до 2020-та година, вештините кои ќе се бараат од работниците ќе бидат малку поразлични. Погледнете што треба да почнете уште од сега да развивате, доколку сакате да бидете успешни и за 3 години од сега.rnrn
rn
1. Пронаоѓање смисла
rnВештина со која би биле во можност да го откриеме и да го дефинираме подлабокото значење и важноста на она што е изразено.rn
2. Социјална интелигенција
rnСпособност за поврзување со другите на длабок и директен начин за да ја стимулираме реакцијата и да ја воспоставиме посакуваната интеракција со соработниците.rn
3. Иновација и адаптивно размислување
rnУсовршување на размислувањето и пронаоѓање решенија надвор од рамките на ограничените правила.rn
4. Способност за адаптација во различни култури
rnМожност за работа во различни културолошки опкружувања.rn
5. Компјутерско размислување
rnМожност за компресија на огромен број податоци во апстрактен концепт и разбирање и резонирање на основната база со податоци.rnrn
rn
6. Писменост во новите медиуми
rnСпособност за критичка проценка и развој на содржината во форма на нови медиуми, како и користење на овие медиуми за комуникација на убедување.rn
7. Познавања од повеќе области и дисциплини
rnПисменост и способност за разбирање на концептите во различни дисциплини.rn
8. Дизајнерски менталитет
rnВештина за претставување и развој на задачите, како и процес на работа кој е насочен кон остварувањето на посакуваниот резултат.rn
9. Менаџмент на когнитивен товар
rnСпособност за филтрирање и отфрлање на неважните од важните информации и умешност за подобрување на когнитивните функции за ефикасноста.rn
10. Виртуелни соработки
rnСпособност за продуктивна работа и вклучувања, како и чувство за припадност во виртуелниот тим.rnrn
rnrnМожеби ќе се изненадите од фактот дека во иднина ќе се ценат вештините кои сме започнале да ги учиме уште во градинка. Тоа се вештини како споделување, комуникација и преговарање со другите. Модерното работно место, каде што луѓето се движат помеѓу различни улоги и проекти, според својот концепт доста многу потсетува на градинка или училиште, каде што учиме да ги развиваме нашите социјални вештини, како што се емпатија и соработка.rnrnНовите генерации до некаде се адаптирани и усогласени со премините на пазарот на трудот. Можеби системот на едукација сѐ уште не се модернизирал и унапредил доволно, но развојот на интернетот и достапноста на информации е наш посебен професор за усвојување нови вештини и сфаќање на промените во светот. Сѐ повеќе има луѓе кои точно знаат како е потребно да влезат на пазарот на труд и токму од нив можете многу да научите.rnrnПогледнете и кои се 5-те најбарани работни вештини за оваа година.