КАФЕ ПАУЗА

Диета со течности која нема да ве изгладнува

Диета со течности која нема да ве изгладнува

Многумина имаат желба да симнат некое килце пред Нова година. Секако, би можеле да изгладнувате со ригорозни диети, или би можеле да консумирате повеќе течности. Ова е диета со течности со која не би морале да гладувате, почесто пијте:

rn

Диета со течности која нема да ве изгладнува

rnrn

Млеко со пониска масленост

rnМлекото е одлична напивка за вашето здравје, како и за вашата линија. Содржи многу протеини, па со неговото консумирање ќе се чувствувате сити без да внесувате многу калории. Докажано е дека луѓето кои во просек пијат чаша млеко секој ден, имаат поголема шанса да ослабат отколку оние кои пијат половина чаша.rn

Вода

rn

Две чаши вода пред секој оброк заситуваат, така што би можеле слободно да ја консумирате омилената храна, само што организмот ќе се чувствува сит и ќе изедете помалку. Одлично, нели?

rnrn

Какао

rn

Едно истражување, неодамна ја откри поврзаноста на какаото со индексот на телесните масти. Секако, со никој од наведените пијалаци не би требало да се претерува, а посебно какаото не треба да го консумирате премногу често.

rn

Диета со течности која нема да ве изгладнува

rnrn

Зелен чај

rnЗелениот чај е познат по своите антиоксидантни дејства, го забрзува метаболизмот и помага при согорување калории.rn

Шејк од јогурт и банана

rnЈогуртот покрај другите благотворни дејства, често е поврзан со забрзувањето на метаболизмот. Изблендирајте половина чаша јогурт и една банана.rn

Кафе

rnУште една предност за консумирање кафе, неговите дејства се одлични кога станува збор за намалување на тежината. Кафето ве заситува и го забрзува метаболизмот. Секако, ви дава и повеќе енергија за да си ги извршувате обврските, а со тоа и да потрошите многу калории. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно пијат кафе, подолго и подобро ги издржуваат вежбите во теретана.rn

Топла супа

rnОброк кој ќе ве загрее и стопли. Истражувањата покажуваат дека топлата супа пред ручекот би го намалила количевството на калории кое ќе го внесете со оброкот. Супата, исто така, е „убиец“ на јаглехидратите.rn

Сок од зелечнук

rnВаквите напитоци изобилуваат со растителни влакна и содржат многу калиум – состојки кои се клучно поврзани со контролирањето на тежината.rnrnДиета со течности која нема да ве изгладнуваrn

Газирана вода

rnМеурчињата во минералната вода даваат чувство на ситост во стомакот.rn

Чај од ѓумбир

rnИзмешајте една четвртина лажица сушен чај во шолја со врела вода. Чајот од ѓумбир делува како регулатор на апетитот.rn

Млеко со бадеми

rnУниверзитетот во Барселона, во едно истражување покажа дека луѓето кои пијат бадемово млеко доживуваат пад на чувството на глад. Направете го сами со додавање грст исечкани бадеми во чаша со млеко.rn

Млечна сурутка

rnИзмешајте една лажичка во чаша со вода, додадете една четвртина замрзната банана и малку екстракт од ванила или бадем. Млечната сурутка не е пожелна само за билдерите, благодетното дејство е тоа што содржи речиси исто протеини како и месото, само што нема толку масти и јаглехидрати.rn

Чај од нане

rnМирисот на нане дејствува како регулатор на ситоста. Нането е билка која помага при варењето, така што храната побрзо поминува низ организмот.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.