rn
5. Знаеме дека освен „нормалните“ трендови, се пласираат и многу чудни и необични. Кој е најнеобичниот мејкап тренд кој сте го виделе досега?
rnИсцртување на усните до носот е тренд преку кој никако не можам да поминам и се надевам дека набрзо ќе исчезне. Секако, немам проблем со исцртување на усните со цел да се добие волумен, но сепак обидете се тоа да биде соодветно со останатите делови од вашето лице.rn
7. Дали мислите дека мејкап туторијалите на Јутјуб, Инстаграм и Фејсбук навистина можат да ги научат девојките како правилно да се нашминкаат?
rnСпоред мене, Интернетот е место каде што можат да се пронајдат многу информации, кои секако треба паметно да се искористат. Иако, не заборавајте дека многу од тие фотографии и видеа се фотографирани и снимани со професионална опрема и секако дека не знаеме точно како таа шминка изгледа во живо, па затоа тестирајте ги идеите пред да ги прифатите во вашата мејкап рутина.
VD Make Up за Портрет магазинrn
8. Дали вашите клиентки имаат посебни барања или пак почесто се препуштаат во вашите сигурни раце?
rnСекогаш сакам да се консултирам со клиентките пред шминка, нивните насоки ми се најважни. Секако дека главната идеја и изработка е моја, но секогаш сакам кога шминката соодветствува со стилот на клиентката. Да бидам искрен, ако можев да ги избирам моите клиентки, немаше да можам да изберам толку модерни, фини девојки, и навистина сум благодарен за нивната доверба.rn
9. Што може најмногу да ве изнервира додека шминкате? И кој тип клиентки може да ве извадат „од кожа“?
rnШминкањето според мене треба да биде едно пријатно, забавно и позитивно искуство, па токму затоа јас уживам во секој момент со моите клиентки. Единствено, не сакам доцнење, бидејќи тоа значи дека ќе морам да одземам време од терминот на другата клиентка, а според мене почитувањето на туѓото време е многу важно. Значи доцнењето е единственото нешто што може да ми засмета, но за стрес и нервоза нема место во мојата работа.rn
10. Имате шминкано многу познати дами. Дали би издвоиле некое лице кое особено сакате да го шминкате?
rnСекогаш ми е задоволство кога работам со негувани и позитивни дами, без разлика дали се јавни личности или не. Но, една од девојките со која секогаш уживам да работам е Катерина Ивановска. Освен што сме добри пријатели приватно, таа е огромен професионалец со големо искуство од кое може многу да се научи, а да не зборуваме за нејзиното совршено лице на кое му прилега секоја моја идеа за шминка.
Доковски (VD Make UP) и Катарина Ивановска // фотограф: Ани Димиrn
11. Кој е вашиот омилен трик кога е шминкањето во прашање?
rnЕден од моите трикови е користењето добар спреј за фиксирање на шминката. Освен тоа што ќе добиете долготрајност на шминката, истовремено вашата шминка ќе изгледа многу поприродно и свежо, бидејќи ќе биде подобро прилепена за кожата. Не плашете се да го испрскате лицето со течност откако целосно ќе се нашминкате, тоа нема да ја уништи шминката, баш напротив, ќе ја разубави.rn
12. Според вас, кој е најголемиот мејкап тренд за есен-зима 2017/2018?
rnBlack Lips – Dare to Wear
Majestic, AlexandraБидејќи подобро го запознавте Васе Доковски, продолжете на следната страница да погледнете и дел од неговите најдобри мејкап креации.rn

