Колку и да сме искрени со нашите момчиња, постојат работи кои никогаш не би му ги признале, како на пример што правиме кога тој не е покрај нас. Кога го велиме ова не мислиме на изневерување или играње игри, туку на оние мали слатки работи кои нè врзуваат за него… Сеќавањето на првиот состанок, пораките, првиот бакнеж… Затоа ви ги претставуваме овие 9 работи кои девојките ги издвоија дека сакаат да ги прават кога нивните момчиња не се покрај нив.rnrn
rn
1. „Повторно ги читам сите пораки кои ги имам добиено од него“
rnОоо, тотално сте заборавиле на моментот кога тој ви предложи да одите заедно на концерт и дека таа вечер си поминавте феноменално. Утредента, штом се разбудивте имавте добиено порака од него за тоа колку убаво си поминал претходната вечер. Ги читате старите пораки на кои тотално сте заборавиле. Тоа мора да биле луди денови!rn
2. „Ги прелистувам сите примени пораки, а потоа некои од нив ги сликам за полесно да се присетувам на сите слатки работи кој ми ги напишал“
rnНа овој начин не морате да влегувате во сите пораки за да ги барате оние примени од пред пет месеци и патем да ги читате сите оние досадни и чудни работи кои ви делувале интересни во тоа време. Сето тоа се чини досадно во однос на моментите кога ви напишал дека му недостигате.rn
3. „Се присетувам на моментот кога прв пат го сретнав, заедно со сите мали и смешни детали“
rnДали веднаш „паднавте“ кога го здогледавте? Чекајте, дали воопшто се сеќавате на моментот кога за прв пат го сретнавте? И како се чувствувавте тогаш? Како и да е, тоа беше прекрасен и неверојатен ден.rn
4. „Правам тајна Пинтерест табла за венчавка, за секој случај“
rnДали сте спремни за венчавка оваа година? Најверојатно не. Но, признавате дека со ова момче ви е толку добро, што одвреме-навреме одите на Пинтерест и ги пребарувате најубавите венчаници, декорации, цветови и садови кои би сакале да ги имате на вашата венчавка.rn
5. „Одам на неговиот Фејсбук профил и го гледам неговото слатко лице“
rn„О боже, колку е сладок на оваа фотографија од 2007 година! Ова му е најубава слика. А оваа од 2009? Но сепак, тука е најсладок. А чекај да видам како изгледа две години покасно. Ох, веќе два часа сум на неговиот профил.“rnrn
rn
6. „Размислувам за сите потенцијални начини на коишто може да ме запроси“
rnМожеби размислува за малиот ресторан во кој има хартиени светилки и за кој мислите дека е најромантичното место што сте го посетиле. Можеби ќе ве однесе во парк веднаш после работа, кога најмалку ќе очекувате. Идеите се бесконечни.rn
7. „Гледам фотографии од верничкиот прстен на мојата другарка и размислувам каков сакам јас да добијам“
rnНикогаш не сакате да добиете прстен каков што доби таа. Вашето момче никогаш не би ви купило таков прстен. Тој знае дека тоа не е вашиот стил. Чекајте, дали тој знае дека тоа не е вашиот стил? Што ако тој воопшто не го знае стилот што го сакате?rn
8. „Размислувам која песна би ја одбрала за нашиот прв танц на свадбата и како би се чувствувала тој ден“
rnДали би се движеле бавно, танцувајќи на некоја романтична балада? Исто така, тука е фактот дека вие и вашето момче никогаш не сте играле заедно (освен пијаниот танц во дискотеката), па можеби би требало да земете часови. Мило ви е што се сетивте на ова порано.rn
9. „Размислувам за сценариото ‘што ако се сретневме порано’“
rnШто ќе се случеше ако вие и вашето момче се сретневте додека бевте деца? Дали би се сложувале и би биле најдобри пријатели? Дали вие прва би го забележале и би го поканиле на состанок и тогаш не би морале да одите на 9.000 пропаднати состаноци со други момци? Не постои начин да го дознаете одговорот на овие прашања, но барем знаете дека повеќе не мора да излегувате со други. Сигурни сте дека вашето момче е одлично. А сега одете и прочитајте ги неговите стари пораки додека тој не дојде.
