Не постои најдобар метод на заштита од несакана бременост бидејќи секој од нив има свои позитивни и негативни страни. Исто така, самиот избор на соодветна заштита на вашето тело не е воопшто едноставен. Постојат многу работи на кои треба да мислите. За почеток, разгледајте ги сите можности кои ви се на располагање, вам и на вашиот партнер. А потоа добро е да разговарате и со доктор на оваа тема.
rn
Природен метод на заштита (методот на ритам)
rnОвој метод вклучува немање секс во одредени денови од месецот (кога се најголеми шансите да останете бремени). Жената која има редовен менструален циклус има околу 9 „критични“ денови секој месец во кои може да остане бремена. Овие плодни денови се околу 5 дена пред и 3 дена по овулацијата, како и за време на самата овулација.
За успешно да го употребувате овој метод, мора детално да го познавате вашиот менструален циклус. На тој начин ќе можете да предвидите кои денови сте плодни и тогаш избегнувајте да имате сексуални односи без дополнителна заштита. Но, не сите жени можат да се потпрат на овој метод. Оние кои имаат нередовен и непредвидлив циклус, подобро е да изберат друг начин на заштита.rnrn
Метод на повлекување
rnОвој метод на заштита подразбира повлекување на пенисот од вагината во моментите пред ејакулацијата. За да биде успешен потребна е огромна самоконтрола кај мажот. Доколку повлекувањето не е совршено темпирано, може дел од спермата да навлезе во телото на жената. Исто така, неодамнешните истражувања покажале дека предсемената течност може да содржи мал процент сперматозоиди, па поради тоа овој метод не се препорачува за време на оние неколку „критични“ денови од месецот.rnrn
Контрацептивен сунѓер
rnКонтрацептивниот сунѓер е мека и округла направа со врвка за вадење. Тој е направен од полиуретанска пена која содржи спермициди кои ги убиваат сперматозоидите.
Пред сексуалниот однос, треба да го намокрите сунѓерот и да го наместите во внатрешноста на вашата вагина така што ќе го покриете грлото на матката. Тој ќе ве заштитува во наредните 24 часа, но не смеете да го вадите барем 6 часа по односот. Исто така имајте на ум дека мора да го извадите во рок од максимум 30 часа по нанесувањето.rnrn
Дијафрагма, капа или штит на грлото на матката
rnОвие три начини на заштита, исто како и сунѓерот, спаѓаат во методи на бариера, така што ги спречуваат сперматозоидите да стигнат до вашата матка.rn
- rn011
- Дијафрагмата е плитка „чашка“ направена од латекс.
- Капата има форма на напрсток која исто така е направена од латекс.
- Штитот е силиконска „чашка“ која има отвор од едната страна што предизвикува вшмукување и на тој начин го штити грлото на матката.
rn011
rn011
rn
rnДијафрагмата и капата можат да се најдат во различни големини и поради тоа потребно е да се консултирате со доктор за големината која ќе ви биде потребна. Што се однесува до штитот, тој доаѓа во само една големина и не ви е потребна консултација за употреба.
Пред вметнување на овие направи, мора да им додадете спермицид. Исто така, по сексуалниот однос тие мора да останат во вас од 6 до 8 часа за да се заштитите од бременост. Дијафрагмата треба да биде извадена во период од 24 часа, додека пак капата и штитот во период од 48 часа по нанесувањето.rnrn
Женски и машки презервативи
rnЖенскиот презерватив се вметнува во внатрешноста на вагината. На тој начин се спречува спермата да навлезе во телото на жената. Тој е направен од тенка и флексибилна гума обложена со лубрикант. Овој презерватив може да биде нанесен и до 8 часа пред сексуалниот однос, но веднаш потоа мора да биде отстранет.
Машките презервативи се тенки обвивки кои се местат врз пенисот за да спречат навлегување на спермата во женското тело. Тие се најбезбедни доколку се употребуваат во комбинација со вагинален спермицид. Исто како и во случајот со женските презервативи, потребно е да употребувате нов презерватив после секој сексуален однос.
Чувајте ги презервативите на ладно и суво место, бидејќи во спротивно може да дојде до оштетување на латексот и до нивно кинење. Исто така, овие два начина на заштита не смеат да бидат употребувани во исто време.rn

