Дали често поставувате големи очекувања и се надевате на најдоброто, па се разочарувате кога работите не излегле според планираното? Ако е така, можеби паѓате во т.н. замка на надежта.rnrn
rnrnНадежта може да биде одличен мотиватор, но има и негативни страни за кои честопати не сме свесни. Таа има две карактеристики – едната е нејзината моќ да нè инспирира и мотивира, а другата е нејзиниот потенцијал да нè заслепи за реалноста.rnrnМногубројни истражувања покажале дека кај луѓето со голема надеж била поголема веројатноста да доживеат негативни емоции, како што се разочарување и фрустрација секогаш кога ќе се соочат со неуспех.rnrnКога ставате премногу акцент на надежта, ризикувате да го игнорирате нејзиното негативно влијание, избегнувајќи ја напорната работа што е потребна за да се подобрат работите. Станувате толку фокусирани на идејата за подобра иднина што заборавате да преземете акција во сегашноста.rnrnОсвен тоа, кога премногу се надевате, почнувате да верувате дека успехот е неизбежен, па затоа не вложувате онолку напор или работа колку што треба.rnrnДруго истражување покажало дека 44% од студентите со големи очекувања го напуштиле факултетот пред да дипломираат, во споредба со само 12% од студентите со помали очекувања.rnrnТоа било така затоа што студентите од првата група имале нереални очекувања за нивните академски способности и било поверојатно да ги одолговлекуваат и занемаруваат студиите наместо да работат на своите цели.rnrnЗапомнете, надежта не е единствената емоција што може да нè мотивира. Стравот, гневот, па дури и тагата, исто така, можат да нè поттикнат на акција и да инспирираат значајни промени. Kако можете да ја задржите надежта без да станете жртва на нејзините негативни последици?rnrnОдговорот е едноставен: рамнотежа.rnrnТреба да ја балансирате вашата надеж со здрава доза на реализам. Исто така, важно е да се преземе акција во сегашноста. Наместо да поставувате високи очекувања, бидете реални за тоа што можете да постигнете.rnrnНа пример, ако сте во токсична врска, побарајте совети и поддршка од блиските кои ќе ви помогнат да заминете и да продолжите понатаму. Ако не можете да пронајдете работа, преземете чекори за да ги подобрите вашите вештини и да се поврзете со луѓето кои веќе постигнале успех во вашата кариера.rnrnПоставете си цели кои се предизвикувачки, но и остварливи. Со тоа, поголема е веројатноста да постигнете успех и да избегнете разочарување.rnrnОткако прочитавте за негативното влијание на надежта, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те начини за справување со чувството на безнадежност.rnrnИзвор: themindsjournal.com
Дали знаевте дека надежта има и негативна страна?
