КАФЕ ПАУЗА

Појадок во Париз

Појадок во Париз

Францускиот традиционален појадок е една од многуте причини поради која треба да сте возбудени за вашето патување во градот на светлината.rnrnПојадок во ПаризrnrnТипичен појадок во Париз се состои од еден или два кроасани или Тартини (француско лепче исечено на кришки, најчесто намачкано со путер и џем), овошје или џус и кафе со млеко.rnrnПојадок во Париз rnrnДоколку не сте сместени во хотел каде што се служи појадок, најубави места за појадување се кафулињата со масички на тротоарите на француските улици. Таму најубаво можете да ја почувствувате традицијата на францускиот појадок.rnrnПојадок во ПаризrnrnДруга можност за појадување ви се малите пекари. Некои од нив имаат по неколку мали масички и служат кафе, доколку не сте си купиле за носење. Во овие места појадокот ќе ве чини помалку, поради поинаквиот амбиент на самото место и поради тоа што нема надворешни маси на тротоарот.rnrnПојадок во Париз rnrnИсто така, можете и да си купите вкусни кроасани и кафе со млеко за носење, па да си седнете на клупа покрај Сена и комплетно да уживате во магијата на Париз.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.